YouVersion Logo
تلاش

ЗАХАРИЈА 1

1
СИМБОЛИЧНО ВИДЕНИЕ
ВО ВРЕМЕ НА ИЗГРАДБА НА ХРАМ
1:1-8:23
А. Повик кон обратување
1Во осмиот месец на втората Дариева година му дојде Господово слово на пророкот Захарија, синот Варахиин, синот Идов. 2„Господ се разгневи тешко на вашите татковци! 3Затоа речи им: ‘Господ над Воинствата зборува вака: „Вратете се кај Мене и Јас ќе се вратам кај вас - говори Господ над Војските. 4Не бидете како вашите татковци, кои ги повикуваа некогашните пророци, велејќи: ‘Господ над Воинствата вели вака: „Вратете се од Своите лоши патишта и од лошите дела.“‘ Ама тие не слушаа ниту пазеа на Мене - зборува Господ. 5Каде се сега вашите татковци? Зар ќе живеат довека пророците? 6Ама Моите зборови и одредби, што им ги наложив на Своите слуги пророците, не ги стигнаа ли вашите татковци?“ Тие се обратија и признаа: ‘Господ над Војските направи со нас како што намислил да направи според патиштата и нашите дела.’„‘“
Б. Книжен свиток на осум виденија: Господ - Израелев Заштитник
1. Видение: коњаници
7Во дваесет и четвртиот ден, на единаесеттиот месец, а тоа е месецот Сават, во втората Дариева година, Господовото слово му дојде на пророкот Захарија, синот Варахиин, синот Идов. 8Имав видение ноќе. Ете, човек јава на жолтоцрвеникав коњ меѓу миртови дрва што имаат длабоки корења, а зад него лисести коњи, костенливи и бели. 9Прашав: „Кои се овие мој господару?“ Ангелот кој зборуваше со мене ми рече: „Јас ќе ти покажам кои се.“ 10Човекот кој стоеше меѓу миртовите дрва одговори: „Ова се оние кои ги испрати Господ за да ја обиколуваат земјата.“ 11Тие му се обратија на Господовиот ангел, кој стоеше меѓу миртовите дрва и рекоа: „Ја обиколуваме земјата, и ете: сета земја почива и мирува.“ 12Тогаш Господовиот ангел проговори и рече: „Господи над Воинствата, кога веќе еднаш ќе им се смилуваш на Ерусалим и на јудејските градови, на кои веќе седумдесет години им се гневиш луто?“ 13А Господ му одговори со утешни зборови на ангелот, кој зборуваше со мене. 14И ангелот кој зборуваше со мене ми рече: „Објави го ова: ‘Господ над Воинствата зборува вака: „Со ревнива љубов горам по Ерусалим и за Сион, 15а со голем гнев пламнувам на гордите народи, зашто кога малку се разгневив, тие ја поминаа мерката.“ 16Затоа Господ зборува вака: „Му се враќам на Ерусалим со милосрдие; пак ќе го изградам во него Мојот Дом - говори Господ над Војските - и пак во Ерусалим ќе се оптегнува мерачко јаже.“‘
17„Порачај го уште ова: ‘Моите градови пак ќе се прелеваат со изобилство, и Господ ќе го утеши Сион, ќе го избере Ерусалим.“‘“
2. Видение: четири рога и четири работника
18Ги подигнав очите и видов. И ете: четири рога. 19Го прашав ангелот кој зборуваше со мене: „Што е ова?“ Тој ми одговори: „Тоа се рогови што ги распрснаа Јуда, Израел и Ерусалим.“ 20Тогаш Господ ми покажа четири ковачи. 21А јас прашав: „Што дојдоа овие да работат?“ Тој ми одговори: „Она се роговите што го раскинаа Јуда, та никој веќе не се осмелува да дигне глава; а овие дојдоа за да ги исплашат, и да им ги скршат роговите на народите кои подигаа рог против Јудината Земја, за да ја распрснат.“

موجودہ انتخاب:

ЗАХАРИЈА 1: MKB

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in