YouVersion Logo
تلاش

АГЕЈ 1

1
ПОВИК ЗА ИЗГРАДБА НА ХРАМ: ПРВО ПРОРОШТВО
1:1-15
Приговори и одговор
1Во втората година на царот Дариј, во шестиот месец, во првиот ден на месецот, Господовото слово дојде преку пророкот Агеј на Зоровавел, синот Салатилов, јудејски управител, и на Исуса, синот Јоседеков, врховен свештеник: 2„Вака зборува Господ над Воинствата: ‘Овој народ зборува: „Уште не е дојдено времето за да се изгради пак Господовиот Дом!“‘“ 3Затоа дојде Господовото слово преку пророкот Агеј: 4„А вам ви е време да живеете во покриени куќи, додека овој Дом е разурнат.“ 5Затоа, Господ над Војските сега зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта!
6Сеете многу, собирате малку; јадете, а не сте сити; пиете, а не можете да се напоите, се облекувате, а не ви е топло. Трудбеникот ја заработува платата, а ја става во скината кожена торбичка за стрели!“
7Господ над Воинствата зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта! 8Отидете во гората, донесете дрва, и подигнете го пак Домот; тоа ќе Ми биде мило, и ќе се прославам - зборува Господ. 9Се надевавте на изобилство, а ете, малку е; што ќе донесете дома Јас ќе го дувнам. А зошто? - говори Господ, над Војските. Затоа што Мојот Дом е разурнат, додека секој од вас се грижи за својот дом. 10Затоа небото се заклучи и не дава роса, а земјата не ги подава своите производи. 11Јас ја повикав сушата на земјата и по горите, на житото и на виното, на маслото и на сѐ што раѓа земјата, на луѓето и на добитокот, и на секој со мака добиен плод.“
Б. Послушност
12А Зоровавел, синот Салатилов и Исус, синот Јоседеков, врховен свештеник, и сиот останат народ ги послушаа гласот на Господа својот Бог, и зборовите на пророкот Агеј, како посланик на Бога: и народот се исплаши од Господа. 13Тогаш Агеј, Господов гласник пратен од Господа, му рече на народот: „Јас Сум со вас“ - говори Господ. - 14Господ го разбуди духот на Зоровавел, синот Салатилов јудејски управител, и духот на Исуса, синот Јоседеков, врховен свештеник и духот на сиот останат народ, та тие дојдоа и се зафатија со работа во Домот на Господа над Воинствата, својот Бог. 15Тоа беше во дваесет и четвртиот ден на шестиот месец, во втората година на царот Дариј.

موجودہ انتخاب:

АГЕЈ 1: MKB

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in