Псалми 14

14
ПСАЛМ 14
Кој е достоен да стои пред Бога?
1 # 23,3-6; Ис 33,14-16 Псалм на Давид.
Господи, кој ќе престојува во шаторот Твој?
Или кој ќе се насели на Твојата света гора?
2 # 118,1; Ез 18,5-9 Оној што оди непорочно и врши правда,
што говори вистина во срцето свое.
3Оној што не клевети со јазикот свој
и на ближниот свој не му направи зло
и не прифати прекор за своите најблиски.
4Ништожен пред него е тој што прави зло,
а оние што се бојат од Господа ги прославува;
тој му се колне на ближниот свој и не се одрекува.
5 # 15,8; 29,6; 2 Мојс 22,24; 22,8; 5 Мојс 16,19; 27,25 Своето сребро не го дава под лихва,
ниту прима поткуп против невиниот.
Оној што прави така,
нема да се поколеба довека.

Выделить

Поделиться

Копировать

None

Хотите, чтобы то, что вы выделили, сохранялось на всех ваших устройствах? Зарегистрируйтесь или авторизуйтесь