Матеј 5
5
Беседата на гората
(Мк 3,13; Лк 6,12–13,20)
1 #
15,29-30; Јн 6,3 Кога го виде народот, Исус се искачи на гората. И, штом седна, Неговите ученици се приближија до Него. 2И, откако ја отвори Својата уста, ги поучуваше, велејќи:
Блаженства
(Лк 6,20-26)
3 #
6,19; 10,9-10; 19,21-24; Ис 30,18; 32,20; Пс 31,1-2; 33,12; 34,19; Изреки 8,32.34; Мк 9,35; Лк 6,20; 1 Кор 1,26; 2 Кор 8,9; Откр 19,9 „Блажени се бедните по дух,
зашто нивно е царството небесно!
4 #
1 Мојс 13,15; Ис 61,2-3; Пс 36,11; 126,5 Блажени се оние што плачат,
зашто тие ќе се утешат!
5 #
11,29; 21,5 Блажени се кротките,
зашто тие ќе ја наследат земјата!
6 #
6,1.33; Ис 51,1; Амос 8,11-12; Лк 6,21 Блажени се гладните и жедните за правда,
зашто тие ќе се наситат!
7 #
18,33; Јк 2,13 Блажени се милостивите,
зашто тие ќе бидат помилувани!
8 #
2 Мојс 33,20; Пс 10,7; 24,4; Откр 22,4 Блажени се чистите по срце,
зашто тие ќе Го видат Бога!
9 #
Изреки 12,20; Евр 12,14; Јк 3,18 Блажени се миротворците,
зашто тие ќе се наречат синови Божји!
10 #
23,30-37; 2 Лет 36,16; 1 Птр 3,14 Блажени се гонетите заради правда,
зашто нивно е царството небесно!
11 #
Лк 6,22-23
#
10,22; Сир 2,8; Дела 5,41; Фил 1,29; Кол 1,24; 1 Птр 4,14 Блажени сте кога ќе ве срамат и прогонуваат,
и кога лажно ќе говорат против вас
секакви лоши зборови – поради Мене!
12Радувајте се и веселете се,
зашто голема е вашата награда на небесата!
Така ги гонеа и пророците што беа пред вас.
Сол и светлина
(Мк 9,50; Лк 14,34-35)
13 #
3 Мојс 2,13; 4 Мојс 18,19; Јов 6,6; Мк 9,50; Лк 14,34-35 Вие сте солта на земјата. Но ако солта го изгуби вкусот, со што ќе се осоли? Таа веќе не е за ништо, освен за да се фрли надвор и да се изгази од луѓето. 14#Јн 3,21; 8,12; Фил 2,15Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град што се наоѓа на врв планина. 15#Мк 4,21; Лк 8,16; 11,33Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на светилник, и им свети на сите во домот. 16#1 Кор 10,31; Ефес 5,8-9; 1 Птр 2,12Така нека свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата!
Исус и Законот
17 #
3,15; 7,12; 9,17; 13,52; 5 Мојс 4,1; Рим 3,31; 10,4 Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. 18#Лк 16,17; 21,33Зашто, вистина ви велам: дури постојат небото и земјата, ниту една буквичка#5,18 Во оригиналниот текст: јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сѐ! 19#3 Мојс 19,15; Јк 2,10И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе се нарече најмал во царството небесно, а оној што ќе ги исполни и така ќе ги научи луѓето, тој ќе се нарече велик во царството небесно. 20#18,3; 1 Мојс 15,6; Пс 68,27; Јн 3,5; Рим 10,3; Фил 3,9Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и на фарисеите, нема да влезете во царството небесно!
За гневот и помирувањето
(Мк 11,25; Лк 12,57-59)
21 #
2 Мојс 20,13; 3 Мојс 24,17; 4 Мојс 35,16-18.21; 5 Мојс 5,17; Јк 2,11 Сте слушале дека на старите им било речено: ’Не убивај! А кој убие, ќе одговара пред судот.‘ 22#10,28; 18,9; Ер 7,31; 2 Лет 28,3; 33,6; Ефес 4,26; 1 Јн 3,15Јас, пак, ви велам дека секој што се гневи на својот брат без причина, ќе одговара пред судот; а оној што ќе го нарече својот брат ’празноглав‘, ќе одговара пред Синедрионот; оној, пак, што ќе му рече: ’Будала‘, ќе одговара во огнениот пекол. 23#Мк 11,25; Лк 12,5И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека твојот брат има нешто против тебе, 24остави го дарот таму, пред жртвеникот, па оди и најнапред помири се со својот брат, а потоа дојди и принеси го својот дар. 25#Лк 12,58-59Измири се брзо со твојот противник, уште додека си на пат со него, за да не те предаде противникот на судијата, а судијата – на судскиот поданик, и да бидеш фрлен в затвор; 26#18,34вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, додека не го дадеш и последниот кодрант.
За прељубата и соблазната
(Мт 18,8-9; Мк 9,43.47-48)
27 #
19,18; 2 Мојс 20,14; 5 Мојс 5,18; Мал 2,14-16; Рим 13,9; Јк 2,11 Сте слушале дека е речено: ’Не прави прељуба!‘ 28А Јас ви велам дека секој што погледнува на жена со похота кон неа, тој веќе извршил прељуба со неа во своето срце. 29#18,6-9; Пс 123,7; Рим 9,33; 1 Птр 2,8Ако те соблазнува десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро е за тебе да погине еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот. 30#Мк 9,42И ако твојата десна рака те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе; зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.
За разводот
(Мт 19,9; Мк 10,11-12; Лк 16,18)
31 #
19,3-9; 5 Мојс 24,1; Мк 10,4 Уште било речено: ’Ако некој ја остави својата жена, нека ѝ даде разводно писмо.‘ 32#Мк 10,11; Дела 15,20.29; 1 Кор 7,10-11А Јас ви велам: секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја наведува да прави прељуба; и ако некој се ожени со така оставена, тој прави прељуба.
За заклетвите
33 #
2 Мојс 20,7; 3 Мојс 19,12; 4 Мојс 30,3; 5 Мојс 23,22 Сте слушале и дека на старите им било речено – ’Не колни се лажно, туку исполнувај ги своите заклетви пред Господа.‘ 34#Ис 66,1; Дела 7,49#Јк 5,12#23,22А Јас ви велам: не колнете се воопшто – ниту во небото, зашто е Божји престол; 35#Пс 47,1-2ниту во земјата, зашто е подножје на Неговите нозе; ниту во Ерусалим, зашто е град на великиот Цар. 36Не колни се ниту во својата глава, зашто не можеш ниту едно влакно да направиш бело или црно. 37#2 Кор 1,17-20Вашиот збор да биде: ’Да, да‘, или ’не, не‘, а сѐ што е повеќе од тоа, од злиот е.
За одмаздувањето
(Лк 6,29-30)
38 #
2 Мојс 21,24; 3 Мојс 24,20; 5 Мојс 19,21 Сте слушале дека е речено: ’Око за око и заб за заб.‘ 39#Лк 6,29#2 Мојс 21,25; Плач 3,30; Рим 12,19.21А Јас ви велам: не противете му се на злиот. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот. 40А на оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе туниката, дај му ја и наметката. 41И ако некој те натера да одиш со него една милја, оди со него две. 42#5 Мојс 15,8; Лк 6,30На оној што бара од тебе, дај му, и не одбивај го оној што сака да позајми од тебе.
Љубов кон непријателите
(Лк 6,27-28.32-36)
43 #
10,22; 19,19; 3 Мојс 19,18; Пс 138,21; Лк 10,27; Јк 2,8 Сте слушале дека е речено: ’Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател.‘ 44#2 Мојс 23,4-5; Изреки 25,21; Лк 6,27-28.35; Дела 7,60; 1 Кор 4,12А јас ви велам: љубете ги своите непријатели, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат, 45за да бидете синови на вашиот Отец, Кој е на небесата; зашто Тој прави Неговото сонце да изгрева и врз лошите и врз добрите, и им праќа дожд и на праведните и на неправедните. 46#10,41-42; Лк 6,32Зашто ако ги љубите оние што вас ве љубат, каква ќе ви биде наградата? Не го прават ли истото и даночниците? 47И, ако ги поздравувате само своите браќа, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците? 48#3 Мојс 11,44-45; 19,2; 1 Птр 1,16; Јк 1,4 И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен.
अहिले सेलेक्ट गरिएको:
Матеј 5: MAK2023
हाइलाइट
शेयर गर्नुहोस्
कपी गर्नुहोस्
तपाईंका हाइलाइटहरू तपाईंका सबै यन्त्रहरूमा सुरक्षित गर्न चाहनुहुन्छ? साइन अप वा साइन इन गर्नुहोस्
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023