YouVersion लोगो
खोज आइकन

Матеј 6

6
За милостината
1 # 5,20; 23,5; Лк 16,14-15; Јн 5,44; 12,43 Внимавајте вашата милостина да не ја правите пред луѓето, само за да бидете забележани; инаку, нема да имате награда од вашиот Отец, Кој е на небесата. 2#6,5.16; 15,7; 23,13-15; Амос 4,5И така, кога правиш милостина, не разгласувај пред себе, како што прават лицемерите по синагогите и по ули­ци­те, за да бидат фалени од луѓето. Вистина ви ве­­лам, тие веќе ја добиле својата награда. 3А ти кога правиш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната, 4#Пс 138,2-3.6за твојата милостина да биде во тајност; и тогаш, твојот Отец, што гледа во тајност, Самиот ќе те награди јавно.
За молитвата
5 # 6,2.16 И, кога се молиш, не биди како лицемерите, што сакаат да се молат стоејќи по синагогите и крстосниците за да се покажуваат пред луѓето. Вис­ти­на ви велам, тие веќе ја добиле својата награда. 6#4 Цар 4,33; Ис 26,20; Дан 6,10Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја за­тво­риш вратата, помоли Му се на твојот Отец што е во тајност; и твојот Отец што гледа во тајност, ќе те награди јавно. 7#3 Цар 18,27-29; Ис 1,15; Проп 5,1; Сир 7,14Кога се молите, не говорете многу, како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени. 8#Лк 12,30И така, не бидете како нив, зашто вашиот Отец знае од што имате потреба уште пред да Го помолите.
’Оче наш‘
(Лк 11,2-4)
9 # 7,11; 16,17; 23,9; 3 Мојс 22,32; Ис 63,16; Ез 28,22.25; 36,23; Изреки 30,8-9; Јн 12,28 Туку вие молете се вака:
Оче наш, Кој си на небесата,
да се свети името Твое;
10 # 3,2; 12,50; 19,24; 21,31.43; 26,39.42; Ез 36,27; Мк 1,15; Јн 3,3.5; 7,17; Рим 14,17; 1 Кор 4,20; Ефес 1,5.9; 1 Сол 2,12; 2 Сол 1,5; Откр 12,10 да дојде царството Твое;
да биде волјата Твоја,
како на небото, така и на земјата;
11 # Јн 6,32.35.48.50-51 лебот наш насушен дај ни го денес;
12 # 3 Цар 8,34; Сир 28,2; Мк 11,25 и прости ни ги долговите наши,
ка­ко што и ние им ги проштеваме на на­ши­те должници;
13 # 4,1-10; 26,41; Ис 63,16; Јн 17,11.15; 1 Кор 10,13; 1 Сол 3,5; 2 Сол 3,3; 1 Тим 6,9; Јк 1,13-14; Откр 2,10 и не воведувај нѐ во искушение,
но избави нѐ од лукавиот;
зашто Твое е царството, и силата, и славата
во вечни векови. Амин!
14 # 18,24-35 # Ефес 4,32; Кол 3,13 Бидејќи, ако им ги простите на луѓето нивните грешки, и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен. 15#18,35Ако, пак, не им ги простите греш­ките на луѓето, ниту вашиот Отец нема да ви ги прости вашите грешки.
За постот
16 # 6,5; Дан 9,3; Јона 3,5; Дела 14,23 Кога постите, не бидете натажени како лицемерите; зашто тие си ги изобличуваат лицата за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам дека тие веќе ја добиле својата награда. 17А ти, кога постиш, помажи си ја главата и измиј си го лицето, 18#Ис 58,3па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, што е во тајност; и твојот Отец, што гледа во тајност, ќе те награди јавно.
За богатството на небото
(Лк 12,33-34)
19 # 24,43; Јов 22,24-26; Јк 5,2 Не собирајте си богатства на земјата, каде ги јадат молецот и 'рѓата, и ка­де крадците ги поткопуваат и крадат; 20#19,21; Кол 3,1-2; 1 Тим 6,19но собирајте си богатства на небото, каде ниту молец, ниту 'рѓа ги јаде, и каде крадци не ги поткопуваат, ни­ту крадат. 21Зашто, каде што е вашето богатство, таму ќе ви биде и срцето.
Светлина за телото
(Лк 11,34-36)
22Окото е светило за телото. И така, ако ти е чисто окото, целото тело ќе ти биде светло; 23#20,15; Мк 7,21-23ако, пак, окото ти е лошо, целото тело ќе ти биде во темнина. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш колкава ли ќе е темнината?!
Или Бог или Мамон
(Лк 16,13; 12,22-31)
24 # 19,21-26; Лк 16,9.13 Никој не може да им служи на двајца господари: зашто или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го возљуби; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите и на Бога и на Мамон.
За грижите
(Лк 12,22-31)
25 # 16,5-12; Пс 126,1-2; Фил 4,6; 1 Птр 5,7 Затоа ви велам: не гри­жете се за вашиот живот – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за вашето тело, во што ќе се облечете. Зар не чини животот повеќе од храната, и телото – од облеката? 26#10,31; Лк 12,7.24Погледнете ги небесните птици: ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбар собираат, и вашиот Отец небесен ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? 27А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт? 28Зошто се грижите и за облеката? По­гледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат; 29#3 Цар 10но ви велам дека ниту Соломон, во це­лата своја слава, не се облече како ниту еден од нив. 30#8,26; 14,31; 16,8; 17,20; Лк 12,28Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во печка се фрла, Бог така ја облекува, нема ли многу повеќе да ве облече вас, маловерни!? 31Затоа, не грижете се и не гово­рете: ’што да јадеме, или што да пиеме‘, или ’во што да се облечеме?‘ 32#6,8; Лк 12,30Зашто сето тоа го бараат незна­бош­ците, а вашиот Отец небесен знае дека сето тоа ви е потребно. 33#Ис 51,1; Кол 3,1Но барајте го најнапред царството Божјо и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде. 34#2 Мојс 16,4-5.19-20; Јк 4,13-14И затоа, не грижите се за утре, заш­то утрешниот ден ќе се грижи за своето; доволно му е на денот него­вото зло.“

अहिले सेलेक्ट गरिएको:

Матеј 6: MAK2023

हाइलाइट

शेयर गर्नुहोस्

कपी गर्नुहोस्

None

तपाईंका हाइलाइटहरू तपाईंका सबै यन्त्रहरूमा सुरक्षित गर्न चाहनुहुन्छ? साइन अप वा साइन इन गर्नुहोस्