Создавање Вовед
Вовед
Насловот на првата библиска книга Создавање ја навестува нејзината содржина. Таа зборува за создавањето на светот, на првите луѓе и за историјата на еврејскиот народ.
Создавање: создавањето на мажот и жената (1–2); нивното прогонување од рајот (3); Каин и Авел (4); Ное и големиот потоп (6–9); Вавилонската кула (11). Настаните за кои се раскажува во овие текстови, не можат прецизно да се сместат во календарот на човековата историја.
Во понатамошниот текст, од 12–50 се раскажува како Бог му носи спасение на човештвото, и како Тој ги повикува во Своја служба старозаветните патријарси. Првиот е Авраам (12,1–25,18), познат по својата вера и послушност кон Бога, која и до денес им служи како образец на верните. Потоа следат Исак, Авраамовиот син и синот на Исак, Јаков (25,19–37,1), кој го добива името Израел. Понатаму, Јосиф (37,2–50,26), еден од синовите на Јаков, родоначалник на две израелски племиња, е во центарот на настаните што ќе ги одведат Јаков и останатите негови синови, заедно со нивните семејства во Египет.
Книгата Создавање, пред сѐ, претставува запознавање со Божјите дела. Таа започнува со тврдењето дека Бог го создал светот, кој е огромен, но сепак Му е целосно потчинет на Бога. Книгата завршува со ветувањето дека Бог ќе продолжи да се грижи за Својот народ. Од почетокот па до крајот на книгата главна личност е Бог: Тој им се открива на луѓето, Тој им суди, Тој ги води и го помага Својот народ. Конечно, Тој ја создава неговата историја.
Во замена за тоа Бог бара од Својот народ да верува во Него и во Неговите ветувања, да се потчинува на Неговите наредби и закони.
Во книгава е претставена древната еврејска традиција, која му помогнала на овој народ да ја осознае својата вера и да ја зачува, а преку неа и самиот да опстане.
നിലവിൽ തിരഞ്ഞെടുത്തിരിക്കുന്നു:
Создавање Вовед: MK2006
ഹൈലൈറ്റ് ചെയ്യുക
പങ്ക് വെക്കു
പകർത്തുക
നിങ്ങളുടെ എല്ലാ ഉപകരണങ്ങളിലും ഹൈലൈറ്റുകൾ സംരക്ഷിക്കാൻ ആഗ്രഹിക്കുന്നുണ്ടോ? സൈൻ അപ്പ് ചെയ്യുക അല്ലെങ്കിൽ സൈൻ ഇൻ ചെയ്യുക
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006