Битие 3

3
Протерување на мажот и жената од рајот
1 # Мудр 2,24; Јн 8,44; Откр 12,9; 20,2 Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, што ги создаде Гос­под Бог; па ѝ рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?“ 2А жената ѝ рече на змијата: „Ние јадеме род од секое дрво во рајот; 3– само од родот на она дрво среде рајот, – рече Бог, – не јадете од него и не допирајте се до него, за да не умрете!“ 4Тогаш змијата ѝ рече на жената: „Не, нема да умрете! 5#2,17; 3,22Но Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.“ 6#Јк 1,13-15Кога жената, виде дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав на из­глед, и дека дрвото е пожелно поради тоа што дава знаење, набра род од него и го изеде, па му даде и на мажот свој, та и тој јадеше. 7Тогаш им се отворија очите на обајцата, и разбраа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала. 8#3 Цар 19,12Тогаш го чуја гласот на Господ Бог, кога Тој одеше низ рајот во времето на дневниот ветрец; и се сокрија Адам и неговата жена меѓу рајските дрвја. 9Но Господ Бог го повика Адам и му рече: „(Адаме) каде си?“ 10#Ис 20,3; Откр 3,18; 16,15А тој одговори: „Го чув одењето Твое низ рајот, па се уплашив, бидејќи сум гол, и се сокрив.“ 11И (Бог) рече: „Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од она дрво, од кое ти забранив да јадеш?“ 12Адам, пак, рече: „Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде плод од дрвото, и јас јадев.“ 13#2 Кор 11,3Тогаш Господ Бог ѝ рече на жена­та: „Зошто го направи тоа?“ Жената одговори: „Змијата ме измами, и јас јадев.“ 14#Ис 65,25На змијата, пак, ѝ рече Господ Бог: „Затоа што си го направила тоа, про­клета да си меѓу сите животни и сите полски ѕверови; помешечки ќе се вле­чеш и прав ќе јадеш сѐ до крајот на својот живот! 15#Откр 12,17И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Тој ќе ти ја смачкува главата, а ти ќе го каснуваш во петата.“ 16#35,16-18; Мих 4,10; Јн 16,21; Откр 12,2А на жената ѝ рече: „Кога ќе бидеш бремена, ќе ти ги умножам и преумножам маките; со болки ќе раѓаш деца, и ќе се приклониш кон мажот свој, и тој ќе ти биде господар!“ 17#Ос 4,3; Рим 8,20Па потоа му рече на Адам: „Бидеј­ќи ја послуша жената твоја и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: – не јади од него – затоа земјата нека биде проклета за тебе; со мака ќе се храниш од неа сѐ до крајот на својот живот; 18трње и бодлики ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска. 19#Пс 89,3; 103,29; Јов 3,1-26; 7,1-21; 34,15; Проп 2,22-23; 3,20; Рим 5,12Со пот на лицето свое ќе јадеш леб, сѐ дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!“ 20#Дела 17,26Адам ја нарече својата жена Ева, бидејќи таа стана мајка на сите живи. 21А Господ Бог им направи на Адам и на неговата жена облеки од кожа, и ги облече во нив. 22#2,17; Откр 22,2.14И Господ Бог рече: „Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло; но сега, да не ја ис­пружи раката своја и да земе пак од др­вото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно!“ 23Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина, за да ја обработува земјата, од која беше земен. 24#2 Мојс 25,18-22Откако, пак, го изгони Адам, поста­ви на исток пред градината Едем херувим и огнен меч, кој се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат патот кон дрвото на животот.

നിലവിൽ തിരഞ്ഞെടുത്തിരിക്കുന്നു:

Битие 3: MK2006D

ഹൈലൈറ്റ് ചെയ്യുക

പങ്ക് വെക്കു

പകർത്തുക

None

നിങ്ങളുടെ എല്ലാ ഉപകരണങ്ങളിലും ഹൈലൈറ്റുകൾ സംരക്ഷിക്കാൻ ആഗ്രഹിക്കുന്നുണ്ടോ? സൈൻ അപ്പ് ചെയ്യുക അല്ലെങ്കിൽ സൈൻ ഇൻ ചെയ്യുക

Битие 3 - നുള്ള വീഡിയോ