Еден збор кој ќе го промени твојот животПримерок
Живеј го твојот збор
Спреми се
Кога твојот “еден збор“ ќе ти дојде, може да се појави во форма на карактерна особина, дисциплина, личност, некој духовен фокус, некое својство или вредност. Примерите кои следат претставуваат некои можни зборови од кои не е поентата само да избереш еден од нив, туку да ти послужат како идеја од каде да започнеш: љубов, радост, трпение, добрина, одмор, молитва, здравје, вежбање, флексибилност, посветеност, интимност, дисциплина, обврзување, храброст, позитива, зелено, инспирација, завршување, чистота, интегритет и сила.
Значењето на тоа да го живееш твојот збор е да го одржиш фокусот на него и да спречиш било какви одвлекувања на вниманието. Го гледаме влијанието кое го постигна Неемија поради неговиот фокус и посветеност на изградба на ѕидот. Во Неемија 6:3 тој не се повлече од работата покрај сѐ, поради тоа што беше посветен само на тоа да го изгради ѕидот што беше причина тој одлично да си ја заврши својата задача. Запомни дека секогаш кога го живееш твојот збор, одлично си ја вршиш работата.
Излези од твојата зона на комфорт.
Процесот е возбудлив но во исто време и предизвикувачки. Со сигурност ќе доживееш многу неочекувани пречки и ти ветуваме дека овој процес ќе те растргне, но доброто е што ние најчесто учиме најмногу во моментите кога ќе отстапиме од зоната на комфорт, така да, биди упорен да ја задржиш насоката во која си тргнал.
Од голема важност е да не го заборавиш зборот и да се фокусираш на него во текот на целата година. Доколку зборот не ти е приоритет во твојата глава, ќе го заборавиш многу лесно.
Задржи го твојот збор во центарот на твоето внимание.
Низ годините преку многу неуспеси и грешки, откривме едноставен и моќен начин да го задржиме својот збор во центарот на вниманието во текот на целата година.
Прво, залепи го твојот збор на видливи места каде што ќе го гледаш постојано бидејки она што ти го одзема вниманието, ти го одзема фокусот, а секогаш завршена е работата која ти го одвлекува фокусот. Исто така многу важно е да си направиш потсетници кои ќе си ги запишеш и поставиш на впечатливи места како што е твоето школско шкафче, твојата кола или на работното биро.
Второ, сподели го зборот со твојот тим кој те обликува—тој потесен круг на пријатели, соработници и фамилија кои ти се најважни и на кои безрезервно им веруваш. Ние го нарекуваме тоа “тимот кој те обликува“ поради тоа што се содржи од луѓе кои ти помагаат да се промениш и пораснеш. Убаво би било да им дадеш дозвола да ти поставуваат прашања за твојот збор.
Кога ги правиш овие две едноставни работи—го поставуваш зборот на видливи места и го споделуваш со луѓето—ти го осигураш својот раст. Во текот на тоа време ќе искусиш падови и подигања но тие се дел од тој процес. Додека го живееш зборот, дозволи му на Бог да ја употреби едноставноста на темата на твојот “еден збор“ за да внесе револуција во твоето секојдневие.
Тргни
1. Кое е тоа едно нешто кое можеш да го направиш за да го запамтиш твојот “еден збор“?
2. Направи список од тројца од твојот најтесен круг со кои ќе го споделиш твојот збор.
3. Дали има начин да го живеете твојот еден збор фамилијарно, во бизнисот или тимот?
Вежба
Неемија 6, Дела 4:16-20, Колосјаните 3:17, 23
Домашна
"Господе, те молам да ми помогнеш целосно да го живеам мојот збор оваа година. Исто како што направи со Неемија, помогни ми да останам фокусиран на одржување на зборот без работи кои ќе ми го одвлекуваат вниманието, а доколку има такви работи те молам за храброст да останам целосно фокусиран на тоа за кое Ти си ме повикал. Во името на Исус, амин."
Дали сакаш да си направиш постер со твојот еден збор? Посети нѐ на: GetOneWord.com
Опис за овој план
ЕДЕН ЗБОР ќе ти помогне да си го поедноставиш животот со тоа што ќе се фокусираш на само ЕДЕН ЗБОР, цела година. Едноставноста во откривањето на зборот кој Бог го има за тебе ќе ти послужи како двигател на животни промени. Нафрленоста и комплексноста нѐ водат кон прокрастинација и парализа, додека едноставноста и фокусот нѐ носат до успех и јаснотија. Оваа 4 дневна посвета укажува на тоа како да навлезеш во јадрото на твоите очекувања и намери во визијата на тој еден збор за годината што следи.
More