Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еден збор кој ќе го промени твојот животПримерок

One Word That Will Change Your Life

2 ДЕН ОД 4

Само еден збор

 

Спреми се
Тешко е да си го поедноставиш животот и изгледа невозможно да се фокусирш на мал број работи. Можеби преку сто пати во текот на годинава те прашале "како си" и секогаш твојот одговор е "многу сум зафатен!" Никогаш не сум слушнал некој да каже "имам многу време и барам нешто на кое би можел да го искористам". Таква личност не постои.

Сигурно имаш еден тон одговорности и преполн распоред што прави да се чувствуваш како животот да ти е во трка, поради што мора со умисла да го разјасниме и поедноставиме нашиот живот. Ние со многу луѓе ја споделуваме едноставната дисциплина за избор на темата за "еден збор", за следната година и донесовме одлука да престанеме со прелистување на нашите новогодишни планови и да почнеме да го живееме тој "еден збор". Иако, во Библијата не постои фразата "темата на еден збор", интересно е да се забележи дека фразата "едно нешто" се појавува пет пати во Библијата: еднаш во Филипјаните и четири пати низ евангелијата.

Во Филипјаните 3:13-14, Павле ја користи фразата "едно нешто" за јасно да го истакне неговиот повик. Во Лука 10:42, Исус и кажа на Марта, "само едно нешто е потребно". Во Лука 18:22 и Марко 10:21 фразата е вметната во Неговите зборови упатени према богатиот човек за да изрази недостаток од само "едно нешто". Во Јован 9:25 исто така се употребува оваа фраза во моментот кога слепиот човек ѝм кажува на фарисеите "знам само едно нешто, бев слеп и прогледав!" На ист начин на кој во Писмото се употребени овие зборови можеме и ние да ги употребиме молејки го Бог за да ни ја открие темата на "еден збор" за оваа година што следи.

Кога го започнавме овој процес една половина од забавните работи беше самиот избор на "зборот на годината", но сфативме дека не сме ние кои го избираат зборот туку дека Бог е Тој што ни го открива. Бог навистина ни дава помазан збор, наменет за нас во нашите души. Морам да признаам дека во првите неколку години беше поважно да избереме некој збор отколку да го примиме Зборот Божји, и покрај тоа Бог го употреби тој момент, но како што станувавме поискусни во процесот на избирање научивме да го слушаме и гледаме Божјото водство при избор на зборот. Слушајки го Божјиот глас ќе откриеш Божји збор наместо некој “добар збор“.

Уживајте во процесот и не заборавајте: потребен е само еден збор, значи не фраза или два збора. Насочете го фокусот на животните промени. Само еден збор!

Тргнувај
1. Зошто е толку многу тешко да го поедноставиш животот? Зошто е овој живот толку комплексен?
2. Зошто мислиш дека се обидуваме да ги импресионираме луѓето со повеќе наместо помалку?
3. Што ти кажува Бог за твојата тема за овогодинешниот "еден збор"? Одвој сериозно време во молитва барајки од Бог да ти зборува.

Вежба

Евреите 12:1-2, Јован 9:25, Филипјаните 3:13-14

Домашна
"Небесен Татко, јас барам од тебе само еден збор од Тебе. Те молам откриј ми се, јас сум спремен да го примам зборот кој е од значење за мене. Во името на Исус, амин."

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

One Word That Will Change Your Life

ЕДЕН ЗБОР ќе ти помогне да си го поедноставиш животот со тоа што ќе се фокусираш на само ЕДЕН ЗБОР, цела година. Едноставноста во откривањето на зборот кој Бог го има за тебе ќе ти послужи како двигател на животни промени. Нафрленоста и комплексноста нѐ водат кон прокрастинација и парализа, додека едноставноста и фокусот нѐ носат до успех и јаснотија. Оваа 4 дневна посвета укажува на тоа како да навлезеш во јадрото на твоите очекувања и намери во визијата на тој еден збор за годината што следи.

More

Би сакале да се заблагодариме на Јон Гордон, Ден Бритон и Џими Пејџ што ни го овозможија овој план за читање. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: www.getoneword.com