Еден збор кој ќе го промени твојот животПримерок
Процесот за “еден збор“
Спреми се
И покрај целата возбуда, примамлив е фактот што новата година претставува нова можност за се започне од почеток. Конечно можеме да ослабеме 10 килограми, да се посветиме на читање на секојдневни посвети, да победиме во разни игри, поинтензивно да вежбаме, да се молиме со вера, да поминеме повеќе време со фамилијата, да ги плаќаме сметките на време, да ги подобриме своите оцени или да ја споделиме приказната за Исус Христос со повеќе колеги и пријатели, но реалноста е дека овие планови ретко се остваруваат.
Едно од поедноставните решенија е да го избришеш сето ова и сѐ да сведеш на само еден клучен збор за следната година.
Па да видиме како би изгледала практичната изведба на концептот “еден збор“. Следат неколку чекори кои ќе ти помогнат да ја откриеш темата за твојот “еден збор“. Не заборавај дека овој процес на размислување знае да одземе време, но вреди, независно дали си атлетичар, тренер, родител или водиш некаков бизнис, овој процес може да ти овозможи пробив во секоја сфера во твојот живот.
Процесот се содржи од три едноставни чекори – истражи внатре, гледај нагоре и запази.
Чекор 1 – Подготви го срцето (истражи внатре) – ова е местото каде што превземаш нешто со цел да се исклучиш од брзината, буката и загаденоста. Да најдеш самотност и тишина понекогаш е тешка задача, но да слушнеш што Бог има да ти каже е основна потреба. Во моментите додека му дозволуваме на Бог да го испитува нашето срце, Тој ќе направи сѐ за сѐ да ни стане јасно.
Чекор 2 – Откриј го твојот збор (гледај нагоре) – Овој чекор има за цел да ни помогне да го слушнеме Бог. Да одвоиш време за молитва—наједноставниот начин за разговор со Бог—е местото од каде што треба да започнеш. Постави му го ова прашање: што сакаш да направиш во мене и да постигнеш преку мене оваа година? Ова прашање ќе ти помогне да го откриеш зборот кој е наменет за тебе, не само механички да избереш збор, туку да го примиш зборот што Бог го има за тебе.
Чекор 3 – Живеј го зборот (запази) – Откако ќе го откриеш зборот што е за тебе, време е да го живееш. Твојот збор ќе има влијание врз сите сфери во твојот живот: физички, психички, духовно, емоционално и финансиски, но најважно е да го запазиш твојот збор. Кажи им го зборот на годината на блиските околу тебе кои се грижат за твојата одговорност и запиши го во твојот дневник. Залепи го на фрижидерот и разговарај со твојата фамилија додека вечерате. Направи сѐ што е потребно да го задржиш во фокус и да го одржуваш свеж.
Се молиме за тебе оваа година да ти биде година на пробив додека Бог те спрема за следното ниво и го употребува твојот “еден збор“ за да Му донесе слава!
Тргни
1. Што Бог ти кажува за твојата тема за “еден збор“?
2. Посвети време во молитва и барај од Бог да ти зборува.
3. Помини ги трите чекори и дозволи Бог да го открие зборот наменет за тебе.
Вежба
Псалм 27:4, Псалм 84, Псалм 139
Домашна
"Господе, јас молам за пробив во оваа година. Употреби ја темата на овој “еден збор“ за да ти донесе слава и обликувај ме преку овој процес. Откриј ми ја вистината и откровението, направи го да биде едноставно разбирливо за мене. Зборувај Боже, твојот слуга те слуша. Во името на Исус, амин.”
Свето Писмо
Опис за овој план
ЕДЕН ЗБОР ќе ти помогне да си го поедноставиш животот со тоа што ќе се фокусираш на само ЕДЕН ЗБОР, цела година. Едноставноста во откривањето на зборот кој Бог го има за тебе ќе ти послужи како двигател на животни промени. Нафрленоста и комплексноста нѐ водат кон прокрастинација и парализа, додека едноставноста и фокусот нѐ носат до успех и јаснотија. Оваа 4 дневна посвета укажува на тоа како да навлезеш во јадрото на твоите очекувања и намери во визијата на тој еден збор за годината што следи.
More