Не помирувај се со безбеднотоПримерок
Кои Се Твоите Шеми?
Дали некогаш си одвоил време да размислиш за своите емоционални шеми? Земи ги предвид мислите што се повторуваат коишто создаваат повторливи емоции и предизвикуваат дела од навика. За да се разберат тие шеми треба да се отворат темните долапи во нашите срца и да се распорат спомените за коишто сме мислеле дека се закопани. Мора да се запрашаме: Зошто ова ми се случи мене? Што ме научи? Како да не ми се случи ова никогаш повторно?
Секако дека не се сите шеми лоши. Некои шеми се толку доблесни што треба да ги задржиме засекогаш во нашите животи. Најголемиот подарок што можеш да си го дадеш себеси е способноста да ги идентификуваш шемите што ги креираат темите во твојот живот. Тие шеми можеби нема да се загубат, но возможно е да ги препознаеш и да ја искористиш моќта што ја имаат за да го контролираш својот живот.
Јас морав да работам напорно за да ги препознаам моите емоции и да ги изразам кога е потребно. Кога ќе забележиш промена на твоето расположение, дозволи си момент да направиш увид во инвентарот што те водел до таа промена. Немој само да се заглавиш надвор од центарот. Пронајди го коренот на она што те блокира за да имаш комплетна радост. Ќе се изненадиш колку ќе се олесниш ако едноставно ги искажеш тие емоции.
Дали можеш да се сетиш на сфери во животот каде што си се чувствувал/а засрамено, во болка или посрамено? Дали има специфични спомени поврзани со тоа? Како твојата перспектива за себеси и другите се променила како резултат на тоа? Препознавајки го коренот на твојата шема е единствениот начин како да ја исфрлиш од твојот живот. Откако ќе започнеш да ги разбираш нездравите шеми поврзани со твојот живот, треба да покренеш одбрана против нив. Таа одбрана треба да дојде во форма на спротивставување на тие емоции и мисли со здрави мисли.
Ранливоста со Бог те ослободува од моќта што негативноста ја има врз твојот живот. Има некои проблеми во нашите животи што се преголеми за со нив да се соочиме сами. Ни требаат божји интервенции, кои ќе нè потсетат дека имаме достапен ресурс којшто ги надминува пречките околу нас. Ти не ја водиш оваа борба самостојно. Бог има совршен план и желба за твојот живот. Верувај во Неговиот план, кој вклучува радост, мир, и љубов. Тоа е трансформирачко размислување, кое дава светло дури и во најтемните тунели.
Опис за овој план
Доколку не се соочите со гласовите на несигурност, двоумење и страв, тие ќе го диктираат вашиот живот. Овие гласови не можете да ги стишите, ниту пак да ги игнорирате. Во овој тридневен план, Сара Џејкс Робертс ви покажува како да му се спротивставите на она од вашето минато што ве ограничува и како да ја прифатите нелагодноста за да станете несопирливи.
More