Не помирувај се со безбеднотоПримерок
Живеј го твојот вистински идентитет
Сè што ти е потребно за да бидеш убав, успешен, неверојатен, благословен, веродостоен, почитуван и среќен е присутно во твојот живот. Можеби не ти изгледа така, но така е затоа што си фокусиран на погрешните нешта. Сè што е родено предвреме има ризик од компликации. Компликациите со кои си се соочил, кои направиле да престанеш да веруваш, се едноставно работи што се родиле предвреме. Сепак, Бог е доволно добар да ти даде поука од тоа патешествие, која те направила поподобен за да те употреби.
Не го земај животот во свои раце. Контролирај го делот од себе за кој веруваш дека го познаваш подобро од Него. Верувај дека ако немаш нешто, тоа е поради тоа што не си спремен да го имаш. Верувај дека ако ти е сервирано, можеш и да го поднесеш. Престани да се сомневаш во својата сила и да ја тестираш милоста. Немој да го правиш она што делува правилно; прави го она што те прави подобра личност. Тоа може да бара од тебе ново ниво на дисцилина или подлабоко чувство на ранливост. Ќе има безброј работи што ќе ти овозможат да ги избегнеш своите слабости. Не ги користи. Наместо тоа, гледај на своите слабости како на места што треба да бидат пополнети со љубов. Сакај се себеси доволно, така што слабостите ќе мора да станат убави.
Биди трпелив. Откако ќе ја постигнеш целта што ја имаш зацртано во твојот ум, ќе видиш дека има сè уште незавршена работа. Тогаш ќе посакаш времето да успори за да можеш да уживаш во погледот. Пронајди нешто убаво во животот секој ден. Гледај подалеку од сметките, скршеното срце, мајката што умира, отсутниот татко, дивото дете и пропаднатите соништа. Гледај ја убавината во новиот ден, новата шанса. Избери да не го прославуваш начинот на кој нештата требало да бидат. Прослави го Бог зашто знаел дека не си бил спремен.
Кога ќе започнеш да го пронаоѓаш твојот прав идентитет, луѓето сè уште ќе гледаат остатоци од стариот ти. Некои ќе бидат неуспешни; други ќе бидат задоволни од новиот и подобрениот ти. Одржи собир во спомен за оние што сакаат да те паметат по твоите грешки и лоши одлуки. Ако е тоа сè што избираат да видат, тогаш не треба да добијат пристап до твоето благословено патешествие. Тие не се злобни. Тие се скршени. Сепак, не треба да дозволиш да те скршат тебе. Не треба да се загубиш себеси пробувајќи да ги спасиш. Биди силен доволно за да се избереш себеси.
Опис за овој план
Доколку не се соочите со гласовите на несигурност, двоумење и страв, тие ќе го диктираат вашиот живот. Овие гласови не можете да ги стишите, ниту пак да ги игнорирате. Во овој тридневен план, Сара Џејкс Робертс ви покажува како да му се спротивставите на она од вашето минато што ве ограничува и како да ја прифатите нелагодноста за да станете несопирливи.
More