Испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами проверувајте се! Или не сте свесни дека Исус Христос е во вас? Освен, само ако сте недостојни. А за нас, се надеваме дека ќе разберете дека ние не сме недостојни. Му се молиме на Бога да не правите никакво зло; не да се покажеме ние како достојни, туку вие да вршите добро, па макар ние како недостојни да останеме. Зашто ние сме силни не против вистината, туку за вистината. Се радуваме кога ние слабееме, а вие јакнете. А за тоа и Му се молиме на Бога за вашето усовршување.
Прочитај 2 Коринтјаните 13
Слушај 2 Коринтјаните 13
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Коринтјаните 13:5-9
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа