Непријатели на срцетоПримерок
Енди Стенли: Непријатели на срцето
Дневна посвета 5
“Принесување на нашите желби кон Бог”
Свето Писмо: Јаков 4:1-3
Непријателите на срцето се секогаш поттикнати и водени од помислата дека некој на некого му должи нешто. Вината вели, “Ти должам.” Гневот е воден од помислата дека ми должиш. Алчноста ја одржува во живот претпоставката дека си должам самиот на себе. Оваа, четврта состојба на срцето, не се разликува од останатите. Љубомора. Љубомората вели, “Бог ми должи.”
Кога помислуваме на љубомората или зависта, веднаш помислуваме на нештата кои другите ги имаат, а на нас ни недостасуваат—изглед, вештини, можности, здравје, висина, наследство, итн. Претпоставуваме дека нашиот проблем е со личноста која ги поседува работите кои на нам ни недостасуваат. Но, да бидеме реални; Бог би можел да ни го овозможи сето тоа. Што и да му дал на вашиот сосед, можел да ви го даде и вам. Токму затоа длабоко во себе мислите дека Тој ви должи.
Љубомората може да го тероризира вашиот живот и да внесе хаос во вашите врски со останатите луѓе. Добрите вести се, оваа состојба, како и останатите три, има свои слаби страни. И е нешто што можеби не сте го очекувале: престанете да го посакувате она што другите го имаат и запрашајте го Бог што е она што тој го има како план за вас.
Како што Јаков вели, нашите надворешни конфликти потекнуваат од нашите внатрешни конфликти кои што успеале да испливаат на површина. Посакуваме нешто, но го немаме, па затоа се караме со другите. Желбите на коишто Јаков се осврнува во овој пасос ја симболизираат нашата непресушна жед—нашата жед за материјалното, пари, признанија, успех, напредок,интимност, секс, забава, врски, партнерство.
Што да правиме со желбите и апетитите кои никогаш целосно не можат да бидат задоволени? Јаков вели: ги носиме онаму каде што првично биле создадени. Со други зборови, Јаков ни дава дозвола да го отвориме нашето срце во неврзан разговор со нашиот Создател.
Секоја грижа која што ја имате било да е мала или голема е важна за нашиот Татко затоа што ти си важен за Таткото. Без разлика дали се однесува на твојот љубовен живот, твојата кариера, твојот брак, твоите родители, твоите деца, твоите финансии, твоето образование, твојот изглед, сподели ги со Него. И продолжи да ги споделуваш со Него, се додека не го пронајдеш својот внатрешен мир и не собереш сила да застанеш на нозе и да се соочиш со денот, самоуверено, бидејќи знаеш дека Тој се грижи за тебе.
Те уверувам дека секогаш ќе го чува твоето срце покрај своето.
По што тагува твоето срце? Поминете некое време во слободен,неврзан разговор со Бог, кажете му што чувствувате дека ви недостасува. Побарајте да ве благослови на начин на кој што мисли дека е најдобар за вас—и да ве води со Неговата љубов по патот
Се надеваме дека уживавте во 5тата Дневна посвета на Енди од "Непријатели на срцето" Копајте подлабоко и пронајдете се себеси, пронајдете го своето исцелување во книгата на Енди Стенли Непријатели на срцето, од добавувачот во вашата близина.
Свето Писмо
Опис за овој план
Исто како што физички нездравото срце може да го уништи човечкото тело, емоционално и духовно нездравото срце може да ве уништи вас и вашите врски. Во следните пет дена, дозволете му на Енди Стенли да ви помогне да ги побарате длабоко во себе четирите најчести непријатели на вашето срце - вината, бесот, алчноста и љубомората - и да ве научи како да се борите против нив.
More