Непријатели на срцетоПримерок
Енди Стенли: Непријатели на срцето
Дневна посвета 1
„Вулканот кој врие"
Свето писмо: Матеј 15:1-20
Тежнееме кон тоа да обрнуваме внимание на своето однесување и притоа во голема мера го игнорираме своето срце. Во суштина, како воопшто би можеле да обрнеме внимание на срцето? Кога би претерал во однесувањето секако некој би ме опоменал и би ме вратил на правиот пат. Но, што е со моето срце? Тоа е малку покомплицирано.
Исус кажал нешто што и ден денес има огромни импликации: „Работите што ги изговара нечија уста, доаѓаат од неговото срце", и потоа, „Од срцето доаѓаат зли мисли."
Срцето претставува голема мистерија. Во суштина, еден пророк прашал за срцето, „Кој може да го разбере?" (Еремија 17:9). Добро прашање. Вистината е дека никој не може. Со ова во целост се согласувам. Дури иако на некој начин почнеме да го разбираме, секако нема да можеме да го контролираме - што е причина повеќе да научиме да го надгледуваме (обрнуваме внимание). Исто како сеизмичката активност на заспаниот вулкан, што не ја знаеш можеда те повреди.
Одеднашнекој бара развод.
Одеднашоценките на вашето дете се лоши и неговото однесување се менува.
Одеднашбезопасната занимација станува деструктивна навика.
Од никадезборови на очај избиваат од душата на некој сакан.
Сите ние сме биле сведоци на вакво нешто, сме го почувствувале, дури и сме го предизвикале. Исто како што Исус предвидел, каква тајна и да крие нашето срце, нема засекогаш да остане тајна. Кога и да е, ќе го најде патот до нашите домови, канцеларии, соседства.
Срцето навлегува во секој разговор. Ја диктира секоја врска. Нашите сопствени животи произлегуваат од срцето. Ние живееме, воспитуваме, водиме, се поврзуваме, влегуваме во врска, се препираме, реагираме, одговараме, раководиме, решаваме проблеми и љубиме од срцето. Влијанието на нашето срце е интензитетот на нашата комуникација. Нашето срце има потенцијал да ја зголеми нашата чувствителност или нечувствителност. Секое поле во нашиот живот се вкрстува со тоа што се случува во нашето срце. Буквално се на својот пат до таму каде што е упатено поминува преку срцето. Се.
Ни треба храброст да го молиме Небесниот Татко да внимава на нас, да разбере и да ги прочисти нашите срца. Тој со задоволство ќе одговори и ќе ни покаже како старите лоши навики да ги замениме со нови и подобри кои со текот на времето ќе не претворат налик Неговиот Син.
Во следните четири дена ќе се осврнеме на четирите непријатели со кои секој се соочува.
Што твоите неодамнешни мисли, зборови и дела откриваат за тоа што се случува во твоето срце? Прашај некој твој близок за мислење на оваа тема.
Свето Писмо
Опис за овој план
Исто како што физички нездравото срце може да го уништи човечкото тело, емоционално и духовно нездравото срце може да ве уништи вас и вашите врски. Во следните пет дена, дозволете му на Енди Стенли да ви помогне да ги побарате длабоко во себе четирите најчести непријатели на вашето срце - вината, бесот, алчноста и љубомората - и да ве научи како да се борите против нив.
More