Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Непријатели на срцетоПримерок

Enemies Of The Heart

3 ДЕН ОД 5

Енди Стенли: Непријатели на срцето

Дневна посвета 3

“Ослободување од болката и гневот”

Свето Писмо: Ефешаните 4:25-32

Вториот непријател на срцето е гневот. Стануваме гневни кога нема да го добиеме она што го сакаме.

Гневен човек е повредениот човек. Ве уверувам дека тој човек е гневен бидејќи нешто му било одземено. Некој нешто му должи.

Сите ние познаваме некој кој својата лутина ја изразува со зборовите: “Ми ја украде репутацијата.” “Ми го украде семејството.” “Ми ги украде најубавите години од животот.” “Ми го украде првиот брак.” “Ми ја украде младоста.” “Ми ја украде невиноста.” “Ми должиш покачување.” “Ми должиш можност да се обидам.” “Ми должиш втора шанса.” “Ми должиш внимание.”

Коренот на гневот потекнува од перцепцијата дека нешто ни е одземно. Нешто ви должат. И во тој момент се основа должничка врска.

Што е со тебе? Каков долг го предизвикува гневот којшто го чувствуваш?

Колку долго ќе им дозволиш на луѓето кои те повредиле да ти го контролираат животот? Уште еден месец? Уште една година? Уште едно поглавје од твојот живот? Колку долго?

Би сакал да предложам денес да биде денот кога ќе престанете да се држите до болката!

Вистина е дека не можете да го вратите веќе направеното, но исто така е вистина и дека не треба да му дозволите на минатото да ви ја контролира иднината.Во Ефешаните 4 наредено ни е ”да се ослободиме од сета огорченост,бес и гнев.” Ќе го направиме тоа така што “Ќе си простиме едни на други, исто како што Бог ни прости нас.”

Лекот за бесот е простувањето. Доколку чекаме да ни биде исплатено тоа што ни е згрешено, на крајот ние ќе бидеме тие што ќе платат. Од друга страна, доколку ги откажеме долговите направени кон нас, ќе бидеме ослободени.

Од сите четири монструозни сили за кои што говориме во посветите, верувам дека оваа—нерасчистениот гнев без разлика дали станува збор за ненамерно или намерно нанесена болка —делува најразорно. А сепак во одредени случаи е најлесно да се преброди. Единствено што треба да направите е да се решите да го откажете долгот. Решавате и изјавувате, “Не ми должиш повеќе.”

Заследете го овој процес во четири чекори уште денес: (1) Идентификувајте го оној на кого сте му гневни. (2) Одредете што ви должи. (3) Откажете го долгот така што ќе му простите. (4) Не му дозволувајте на гневот да порасне повторно.

Свето Писмо

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Enemies Of The Heart

Исто како што физички нездравото срце може да го уништи човечкото тело, емоционално и духовно нездравото срце може да ве уништи вас и вашите врски. Во следните пет дена, дозволете му на Енди Стенли да ви помогне да ги побарате длабоко во себе четирите најчести непријатели на вашето срце - вината, бесот, алчноста и љубомората - и да ве научи како да се борите против нив.

More

Би сакале да му се заблагодариме на Енди Стенли и Мултнома за изготвувањето на овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: bit.ly/2gNB92i