Живеј со сила и храброст! Примерок
„Неговата Мисија е лична”
Од почетокот на созданието, Светиот Дух бил присутен, живеејќи помеѓу нас во сите генерации.
„Земјата беше неоформена и пуста; имаше темнина над бездната и Божјиот Дух лебдеше над водата“. – Битие 1:2
Но не додека Исус ја заврши својата работа на крстот службата на Светиот Дух стана лична и интимна за секој верник. Исус им кажа на Своите апостоли пред да умре дека Светиот Дух бил присутен помеѓу нив, но дека сè уште не живеел во нив.
„Духот на Вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го гледа, ниту Го познава. Вие Го познавате, зашто Тој престојува при вас и ќе биде во вас. Нема да ве оставам сираци, ќе дојдам при вас“.- Јован 14:17 – 18
Ветувањето на Исус за утеха на Неговите апостоли Непосредно пред Неговата смрт беше дека Тој сè уште ќе биде духовно со нив, преку присуството на Светиот Дух кој живее во нивните животи. Работата која Исус ја започнал продолжува во нивните животи преку Светиот Дух. Господ го употребува Светиот Дух во нас за да направи четири работи:
1. Тој спасението го прави лична реалност.
2. Те охрабрува да живееш победнички.
3. Изградува христијански карактер за да ти помогне да растеш.
4. Сите работи ги прави за твое добро.
Свето Писмо
Опис за овој план
Ти никогаш не си сам. Без разлика дали си 1 (еден) ден или 30 (триесет) години во христијанската вера, оваа вистина цврсто стои за сè она со што животот може да нè предизвика. Научи како ефективно да ја прифатиш Божјата помош во овој план. Прземено од книгата „Вон овој свет: Христијански Водич за Раст и Цел” од Дејвид Џ. Свандт.
More
Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk