Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Живеј со сила и храброст! Примерок

Живеј со сила и храброст!

2 ДЕН ОД 8

„Бог дојде кај тебе!”

Ветувањето за вечен живот е резултат на тоа што Бог дојде кај нас наместо тоа човештвото да се обидува да го бара и да го најде Бога на некое далечно место.

Уште од почетокот на времето, Бог нè сакаше секого од нас со безусловна и бескрајна љубов. Неговата оригинална намера беше да има силна и блескава врска со секого од нас. Како и да е, кога Адам и Ева не го послушаа Бога во градината, нивниот грев создаде граница помеѓу нас и Бога. Ние станавме вечно одвоени од Него.

Наместо да дозволи да останеме одделени од него, Бог спроведе прекрасен план за обновување - план воден од Негова бескрајна љубов и милост кон нас. Целта за Неговиот план е целосно да се обнови дури и во најинтимните аспекти од Неговата врска со човештвото како што постоела порано пред да погрешат Адам и Ева.

Пред околу 2000 години, Бог го испрати Својот Син на Земјата за да ја отстрани границата предизвикана од гревот, и да го направи спасението достапно за сите.

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него“. – Јован 3:16-17

Преку Неговите смрт и воскресение Исус целосно ја плати казната за нашиот грев наместо нас и ја отстрани границата помеѓу нас и Бог. Прошката е достапна за сите кои едноставно го примаат Него како нивен Спасител.

Но ова беше само почетокот. Пред Исус да го заврши неговото време на земјата и да му се придружи на Својот Отец на Небесата, Тој на своите апостоли им опиша друг важен елемент на Божјиот поширок план за целосно да го врати човештвото кон Себе.

„Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: ‚Одам да ви приготвам место‘? Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас“. – Јован 14:2 -3

Не само што Бог го испрати Исус да ја отстрани границата на гревот, но еден ден во иднина Исус ќе се врати да ги врати сите верници „дома“ за да бидат засекогаш со Него.

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Живеј со сила и храброст!

Ти никогаш не си сам. Без разлика дали си 1 (еден) ден или 30 (триесет) години во христијанската вера, оваа вистина цврсто стои за сè она со што животот може да нè предизвика. Научи како ефективно да ја прифатиш Божјата помош во овој план. Прземено од книгата „Вон овој свет: Христијански Водич за Раст и Цел” од Дејвид Џ. Свандт.

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk