Живеј со сила и храброст! Примерок
„Ти никогаш не си сам”
Честопати се вели дека животот се состои од серија на подеми и падови, времиња на уживање и ветување помешани со времиња на предизвици и сомнеж. Животот не е само смирено искачување до врвот; повеќе е патување кое се состои од ридови и долини. Секој, како верниците така и неверниците, во животот минуваат низ подеми и падови.
Но како христијани, ние имаме неверојатно ветување од Бога дека ние никогаш нема да се соочиме со падовите во животот сами. Еве ги Неговите охрабрувачки зборови за нас:
„Бидете цврсти и храбри, не плашете се и не ужасувајте се од нив, зашто Гос¬под, твојот Бог, Самиот ќе тргне пред вас, и нема да отстапи од тебе и нема да те остави“. – Второзаконие 31:6
Вистината е дека ни треба Божјото присуство како во времиња на предизвици, така и во времиња на успех. Знаејќи дека Бог е со нас, ние можеме да се соочиме со секој предизвик во животот како чекор напред кон успехот отколку како пад кон очај.
Ниту една планина не е толку висока, ниту долина е толку ниска каде што Бог не може да нè сретне. Без разлика на нашите околности, Бог е верен и Тој е секогаш со нас!
Свето Писмо
Опис за овој план
Ти никогаш не си сам. Без разлика дали си 1 (еден) ден или 30 (триесет) години во христијанската вера, оваа вистина цврсто стои за сè она со што животот може да нè предизвика. Научи како ефективно да ја прифатиш Божјата помош во овој план. Прземено од книгата „Вон овој свет: Христијански Водич за Раст и Цел” од Дејвид Џ. Свандт.
More
Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk