Подобар начинПримерок
Ненатрупана потрага по Неговата мисија
Дали се чувствуваш како животните потреби да те повлекуваат во милион различни насоки? Понекогаш добиваме чувство дека превземаме повеќе одговорности од што имаме време да ги завршиме, што прави да се чувствуваме исцрпено и изморено.
Но што ако има подобар начин?
Исус беше фокусиран на Неговата мисија—барајки ги и спасувајки ги изгубените—но Тој никогаш не се брзаше, преоптоваруваше ниту пак му беше одвлечено вниманието, што значи дека доколку сме повикани да го следиме Исус, има смисла нашиот живот да биде рефлексија на Неговите приоритети и Неговото темпо на живеење.
Можеме да научиме неколку нешта за начинот на кој Исус ја извршуваше Неговата мисија во Марко 2 глава каде што е опишано дека Исус чекори—не се брза, туку чекори—сѐ додека да го најде даночникот по име Левиј.
Повеќето од луѓето би го одбиле и замразиле Левиј поради неговата професија. Најверојатно тој правел финамсиски проневери со парите на луѓето и го знаеле како “корумпиран“, но Исус имал различен пристап.
Исус го поканил Левиј да го следи Него. Тие пристигнале во куќата на Левиј каде што Исус јадел во заедништво со многу други грешници и даночници поради што фарисеите—религиозните водачи во тие денови—биле многу бесни.
Тие не можеле да разберат зошто Исус би јадел во заедништво со грешници, на што Исус им одговорил:
… “Здравите немаат потреба од лекар, туку болните. Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание.” Марко 2:17 MK2006
На Исус му беше јасно за што дојде на земјата и за што не дојде. Исус не дојде за да ги смири религиозните водачи, Тој дојде за да ги излечи повредените, изгубените и скршените.
Што можеме да научиме за Него преку овој краток стих?
- Исус дојде за да ги најде загубените. Доколку го следиме Исус, повикани сме да го правиме тоа што Тој го правел и да ги љубиме оние кои Тој ги љубел. Прашањето е—дали одвојуваме време за да ги најдеме загубените? Во случај да не, на кој начин да го направиме ова приоритет на нашата листа?
- Исус никогаш не се брзаше. Забележете дека Исус одеше во моментот кога го повика Левиј. Не трчаше, не брзаше, одеше. Значи, доколку го следиме Исус, разумно е нашето темпо да биде исто како Неговото. Кога ќе погледнеш на својот живот, дали можеш да кажеш дека си во брзање или не се брзаш? Како би можел да успориш за вистински да ги следиш чекорите на Исус?
- Исус не дозволуваше мислењето на луѓето да ја пореметат Неговата послушност. Кога фарисеите го критикуваа, Тој не почна да се брани ниту пак да се гневи. На Него сѐ му беше јасно и цврсто се држеше до причината на Неговото доаѓање. Тој остана доследен на Неговата мисија без оглед на тоа што луѓето имаа да кажат или прашаат. Ако го земеме ова во предвид можеме да се запрашаме: дали ние некогаш дозволуваме мислењето на луѓето да ни биде поважно од нашата послушност кон Бог?
- Исус поминуваше време со луѓето и направи место за нив на Неговата маса. Гледаме како Исус поучува и јаде со луѓето во текот на Неговата служба. Тој заедништвото го поставува како приоритет. Дали и ние го правиме истото или сме дозволиле нашата независност да биде поважна од нашата служба?
Не мораме да живееме во постојан стрес и преоптовареност, наместо тоа можеме да избереме да бидеме—како Исус—да се задржиме на ненатрупаната потрага по Неговата мисија. Можеме да се ослободиме од одземање на вниманието и да го потрошиме нашето време на дела кои ќе ни овозможат да ја покажеме нашата љубов кон Бог и луѓето.
Моли се: Боже, помогни ми да ги поставам приоритетите кои Ти ги назначуваш како важни. Избриши ги сите нешта кои ми го одвлекуваат вниманието, ми тежат и ме спречуваат да го правам тоа што е најважно. Покажи ми како да живеам ненатрупано во потрагата по Твојата мисија. Во името на Исус, амин.
Практикувај: Размисли на кој начин можеш да им послужиш на луѓето оваа седмица, и направи го тоа!
Опис за овој план
Дали некогаш си почувствувал дека сѐ што правиш е исправно, но резултатите се погрешни? Можеби се обидуваш да се поврзеш со Бог, но се чувствуваш се подалеку од Него. Доколку си на работ да прегориш, овој 7-дневен Библиски план, во придружба на серијата пораки од Пасторот Крег Грошел, е наменет специјално за тебе. Време е да престанеш да работиш за Исус и да започнеш да чекориш по патот на Исус.
More