Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Подобар начинПримерок

A Better Way

1 ДЕН ОД 7

Подобар начин

Дали некогаш си почувствувал дека сѐ што правиш е исправно, но резултатите се погрешни? Можеби читаш Библија, се молиш и им служиш на другите, но се чувствуваш се пооддалечено од Бог или можеби си му послушен на Бог, но твојот живот ти изгледа како да се распаѓа. 

Дали оваа тензична состојба ти создава неспокој, нервоза или незадоволство? 

Сите сме биле во таква ситуација во некој момент од нашите животи. Твојата духовна интимност станува далечна меморија и не си сигурен што да правиш или на каде да се свртиш. 

Што треба да направиш доколку работата што ја вршиш за Бог го уништува тоа што Тој се обидува да го направи во тебе?  

Те погоди ли ова прашање? Не си само ти тој што е погоден од ова, но има надеж за сите оние кои се, надеж за еден подобар начин.

Твојата вера не треба да претставува духовна листа за завршени и незавршени задачи, нешто што ќе ти донесе поени пред Бог за добро завршената работа. Има голема разлика помеѓу работата што ја вршиш за Исус и начинот на кој Исус работи во животот на луѓето, што треба да ја знаеме, но многу е лесно да ги помешаме овие две нешта.  

Ти не си вработен кај Бог. Ти си Негово дете, и како такво, Тој посакува твоето срце да биде исполнето повеќе отколку твоите раце. 

Доколку се чувствуваш изгубено, изморено или празно, имам добри вести за тебе, Исус дојде не само да ја исполни Божјата волја туку и да ни го покаже патот. 

Раните Исусови следбеници го нарекуваа христијанството “правилниот пат,” бидејки да го познаваш Исус значи дека знаеш како да живееш и во кој правец се движиш. Види што кажува Исус за себе: 

… “Јас сум Патот, ‭‭Вис­тината и Животот ...” Јован‬ ‭14:6‬ ‭MK2006‬‬

Додека писателот на Евреите го опишува ова на следниот начин: 

И така, браќа, кога имаме слобода да влегуваме во светилиштето преку крвта на Исус Христос по нов и жив пат, што Тој ни го отвори низ завесата, односно преку Своето тело, имаме Врховен свештеник над до­мот Божји. Затоа да пристапиме со искрено срце, во полна вера, откако ќе ги очис­тиме срцата од зла совест со попрскува­ње и откако ќе го измиеме телото со чиста вода. … Евреите‬ ‭10:19-22‬ ‭MK2006 (со нагласок)

Исус е нашиот подобар начин. Преку Неговиот живот, смрт и воскресение, го постави патот пред нас, за нас—пат на кој нема да има потреба да бараме Божјо оправдување или внимание и наместо тоа, Тој ни дава целосен пристап до Таткото—пристап кој ни носи мир, слобода и ни дава одмор. 

Доколку се чувствуваш оддалечено од Бог, потсети се дека Тој не е отсутен и далеку од тебе. Неговото присуство е достапно и е многу поблиску од што мислиш. Повикај го. Однеси ги твојата болка, нервоза и неисполнети очекувања пред Него бидејки Тој се грижи, гледа и ќе ти го покаже подобриот начин за да стигнеш до тоа што ти е потребно. 

Во следните неколку дена ќе зборуваме за тоа, зошто е подобар начинот на живеење кога го следиме Исус—не кажувам дека е полесен начин, туку подобар начин—и ќе ви покажам некои духовни работи кои е добро да пробаш да ги практикуваш секојдневно. 

Моли се: Боже, во последно време се чувствувам оддалечено од Тебе, но знам дека Ти си тука и се грижиш за мене. Денес пред тебе ги оставам сите мои нервози, двоумења, болка и незадоволство и те молам да ме исполниш со Твоето присуство, Твојот мир, Твојата цел и пасија за животот. Во името на Исус, амин. 

Практична работа: Оваа недела, биди искрен со Бог. Кажи му кога си лут, празен или незадоволен. Тој може да се справи со твојата болка и посакува да бидеш искрен, наместо да заминеш подалеку од Него. 

Ден 2

Опис за овој план

A Better Way

Дали некогаш си почувствувал дека сѐ што правиш е исправно, но резултатите се погрешни? Можеби се обидуваш да се поврзеш со Бог, но се чувствуваш се подалеку од Него. Доколку си на работ да прегориш, овој 7-дневен Библиски план, во придружба на серијата пораки од Пасторот Крег Грошел, е наменет специјално за тебе. Време е да престанеш да работиш за Исус и да започнеш да чекориш по патот на Исус.

More

Би сакале да се заблагодариме на Лајф.Чрч што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://www.life.church/