Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Подобар начинПримерок

A Better Way

2 ДЕН ОД 7

Стабилен ритам на милост

Дали брзината на животот ти го пореметува мирот? Помисли на минатата недела, колку пати се брзаше—трчајки наоколу од едно до друго нешто, онеспособувајки се да бидеш присутен додека си во друштво на луѓе? Кога ќе те прашаат како си, колку пати си кажал, “супер ми е, само сум многу зафатен“?

Нашиот брз ритам на живеење никогаш нема да ни донесе мир, цело време ќе бидеме зафатени, исполнети со стрес и преоптоварени, но доброто е што Исус дојде за да ни покаже дека постои подобар начин од овој што го живееме моментално. 

Да бидеме јасни: Исусовиот начин не е лесен, но Тој покажува дека не е цело време зафатен—да погледнеме како Тој живеел.

Исусовата јавна служба започнала кога тој бил околу 30 години и по сите стандарди можеме да кажеме дека имал бавен почеток. Првото нешто кое Исус го направил е крштевање и пред да ги изврши првите чуда, Тој примал мотивација од Неговиот татко:

 … “И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!“” Матеј‬ ‭3:17‬ ‭MK2006‬‬

Дури и после овој неверојатен момент сеуште не било дојдено времето за да го изврши првото чудо. Следното место каде што Исус требало да остане 40 дена, била дивината. 

Неговата мисија била итна, но пристапот на извршување бил смирен и трпелив, за откако Исус започнал со извршување на чудата и ширење на Неговото учење врз многу луѓе, Тој сеуште одвојувал време да се повлече и да се одмори. Погледни во Лука 5 глава: 

Но уште повеќе се разнесуваше глас за Него и многу луѓе доаѓаа да Го слушаат и да бидат излечени од своите болести. А Тој се повлекуваше во осамени места и се молеше. Лука‬ ‭5:15-16‬ ‭MK2006‬‬

Доколку Исус—Божјиот син—знаел дека има потреба да помине време во заедништво со Неговиот татко, колку треба да е поголема нашата потреба?

Ние—исто како Исус—треба да развиеме навика да му го даваме на Бог најдоброто што го поседуваме и да му веруваме дека ќе бидеме одморени. Исус не кани во ова размислување во книгата на Матеј 11:28 МК2006: 

“Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам.” 

Ние не сме создадени за да бидеме постојано зафатени или оптоварени, поради што и имаме слобода на избор. 

Може да продолжиме да го користиме нашиот зафатен распоред како извор на самобитност, кој води до живот исполнет со стрес и стремеж или можеме да гледаме на нашата зафатеност како покана да го прифатиме Божјиот одмор за подарок, со тоа што ќе ги оставиме нашите грижи пред Него. 

Ти не мораш да се докажуваш пред твојот создател и нема потреба да го заслужиш или да се бориш за Негово одобрение или внимание. 

Време е да му ја предадеш состојбата на брзање и да го прифатиш темпото на милоста.

Моли се: Боже, разбирам дека функционирам во неодржлив ритам поради што, се чувствувам вознемирено и преоптоварено, но сакам да го прифатам подобриот начин на живеење кој ти ми го нудиш. Помогни ми да го прифатам твојот одмор во целост и покажи ми како да живеам ослободено од брзање, зафатеност и стремеж. Јас верувам во тебе, во името на Исус, амин. 

Практикувај: Посвети пет минути од твојот ден во тишина и мир за да слушнеш што Бог сака да ти каже. 

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

A Better Way

Дали некогаш си почувствувал дека сѐ што правиш е исправно, но резултатите се погрешни? Можеби се обидуваш да се поврзеш со Бог, но се чувствуваш се подалеку од Него. Доколку си на работ да прегориш, овој 7-дневен Библиски план, во придружба на серијата пораки од Пасторот Крег Грошел, е наменет специјално за тебе. Време е да престанеш да работиш за Исус и да започнеш да чекориш по патот на Исус.

More

Би сакале да се заблагодариме на Лајф.Чрч што го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://www.life.church/