Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Извонредната моќ на славењето: Петдневна посвета од ПсалмитеПримерок

The Extraordinary Power of Praise: A 5 Day Devotional From the Psalms

4 ДЕН ОД 5

Славејќи го Бог култивираме задоволство

Во нашата култура, најлесно е да се жалиме и нервираме кога нешто ни недостасува. Ја споредуваме нашата ситуација со ситуацијата на пријателите и си мислиме дека нивниот живот е многу подобар од нашиот. Поради нашето незадоволство се нервираме и жалиме. Давид има напишано дека ништо не му недостасува поради тоа што Бог е негов пастир. (Псалм 23:1). Во еден друг псалм напишал дека само Господ е неговото наследство и неговата чаша (Псалм 16:5).

Што го донесе Давид до ваква длабока послушност и задоволство? Верувам дека причината е неговиот постојан избор да го слави Бог. Кога се споредуваме и жалиме само го поткопуваме нашето задоволство. Сепак, и спротивното знае да биде вистинито. Колку повеќе го славиме и прославуваме Бог, сè повеќе сме занесени во Него. Колку повеќе му благодариме, толку повеќе сме му благодарни. Колку повеќе ја изразуваме нашата љубов за Него, толку повеќе го љубиме. Постепено разбираме дека Тој – сеопфатен Бог – е доволен. Всушност, Тој ни е и повеќе од доволен! Во тој случај, спремни сме да ги извикаме зборовите со автентично ехо и да прогласиме дека, „ништо не ни недостасува!”

Зошто да не пробаш да го славиш Бог во следните пет дена по петнаесет минути секојдневно. Можеш да ги запишеш Неговите карактерни особини за кои си благодарен. Или можеш да користиш музика за прославување. Не е важно на кој начин го правиш ова. Само пробај да го прославуваш и види што ќе се случи во твојата душа.

Селах – застани и размисли: Дали си личност што има природна склоност кон самосожалување и споредување? Како би изгледало да бидеш толку многу задоволен што го имаш Исус за вистински да кажеш, „ништо не ми фали?”

Молитва за прослава: Свет Боже, те славам Тебе поради тоа што си доволен и сеопфатен Бог. Тебе ништо не ти недостасува и ми вети дека, Ти ќе овозможиш сѐ што ми треба. Те славам Тебе поради тоа што си мојата чаша и наследство. Во Тебе наоѓам мир и задоволство кое го надминува секое разбирање бидејки знам дека Ти си дарежлив Бог и Бог кој љуби. Сѐ што ми треба го наоѓам кај Тебе. Ти благодарам затоа што можам да се опуштам и да се чувствувам безбеден со Тебе, бидејки Ти имаш сѐ под контрола. Те славам и прославувам Тебе како мој свет, сеопфатен Бог.

Псалм 16:5, “ГОСПОД е дел на моето наследство и од чашата моја. Ти си оној кој го држи наследството мое.”

Свето Писмо

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

The Extraordinary Power of Praise: A 5 Day Devotional From the Psalms

Анксиозност, страв, осаменост и депресија се драматично чести појави во последните неколку години. На Псалмистите овие емоции не им биле непознати. Сепак, тие научиле како да ја употребат неверојатната моќ на славењето за да ги надминат. Преку овие посвети од Псалмите, дознајте ја тајната за мирот во вас.

More

Би сакале да им се заблагодариме на Муди Паблишерс, кои го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://www.moodypublishers.com/the-extraordinary-power-of-praise/