Извонредната моќ на славењето: Петдневна посвета од ПсалмитеПримерок
Славејќи го Бог се стишува нашиот страв
2020 беше страшна година за многумина. COVID-19 го преплави светот. Загубивме многу сакани, работни места и домови. Животот беше темен додека ги слушавме вестите за расна дискриминација, немири, политичка поларизација и масовни пукотници. Стравот и анксиозноста се искачија на високо ниво.
Псалмистот Давид, исто така, живееше во лоши околности. Неговиот непријател не беше пандемија, туку еден Крал којшто му беше љубоморен и се обидуваше да го убие на неколку наврати. Кога Давид ќе почувствуваше страв, тој му го даваше неговото срце на Бог и се фокусираше на тоа да го прослави Него. Оваа шема ја гледаме во текот на целиот живот на Давид.
Во мојот и во твојот живот, кога животот станува темен и непознат, природно е да бидеме исплашени. Но, наместо да го одбегнуваме стравот, Бог нè повикува да го ставиме нашето срце пред Него и да го свртиме нашиот фокус кон славење. Додека го славиме Бог и Неговиот семоќен карактер, Светиот Дух го стишува нашиот страв и го просветлува умот да го разбере Божјото присуство во целост. Славејќи го Бог ослободуваме свежа вера што го заменува двоумењето, ја обновува храброста што го заменува стравот и восхитувачки мир што ја заменува анксиозноста. Вистината е дека не може да го прославуваш Бог и да не доживееш промена.
Селах - застани и размисли: Во книгата на Псалмите можеме да приметиме дека зборот Селах значи да се застане и размисли. Одвој време да размислиш и земеш предвид кој е твојот природен одбранбен механизам кога животот станува тежок и темен?
Молитва за прослава: Господе Исусе, те прославувам поради тоа што Ти си моето светло и спасение. Те прославувам поради тоа што кога сум исплашен, ти ме повикуваш да ти го предадам мојот страв. Ти благодарам што Твоето свето присуство не може да згасне во темните моменти во мојот живот. Те прославувам Тебе како светлината што свети во темнина. Те славам поради тоа што ти си моето прибежиште и тврдина, и поради тоа што можам да ти приоѓам постојано. Твоето присуство ме опкружува дури и сега во овие страшни времиња. Ти благодарам, затоа што ми влеваш самодоверба и храброст додека верно те прославувам. Господе Боже, само Ти си достоен за славење.
Псалм 27:1, „Господ е моја светлина и мое спасение: од кого да се плашам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ќе стравувам?
Свето Писмо
Опис за овој план
Анксиозност, страв, осаменост и депресија се драматично чести појави во последните неколку години. На Псалмистите овие емоции не им биле непознати. Сепак, тие научиле како да ја употребат неверојатната моќ на славењето за да ги надминат. Преку овие посвети од Псалмите, дознајте ја тајната за мирот во вас.
More