Извонредната моќ на славењето: Петдневна посвета од ПсалмитеПримерок
Славејки го Бог ти ги исфрлаш твоите фрустрации
Имаше време во мојот живот што беше многу мрачно. Ракот комплетно ме истошти. Се чудев во тоа време, „Дали е автентично да го славам Бог додека се чувствувам толку лошо?" Мислам, воопште не ми се скокаше и викаше: „Алелуја, имам рак!" Додека ја изучував книгата на Псалмите, открив дека многу од псалмите се оплакувања. Молитва на оплакување е молитва исполнета со прашања, фрустрации и двоумења. Она што го открив за Псалмистите е дека тие не го запоставуваа Бог. Кога биле исфрустрирани, тие ги изразувале своите чувства. Често, нивната прослава била плачење (Псалм 42:3). Имало и моменти кога ги истурале сите фрустрации врз Господ. На пример, во еден момент од животот, Давид бил толку исфрустриран што се молел во Псалм 58:6, „Скрши ги забите во нивната уста, Боже!” Се сеќавам кога за првпат ги прочитав овие зборови, мислејќи, „Дали ни е дозволено да се молиме на овој начин?”
Бог го посакува твоето искрено славење. Доколку си фрустриран, лут или само тажен, Тој те кани да ги донесеш тие чувства пред Него. Исплачи се пред Него. И потоа, следи го примерот на Псалмистите. Сврти го својот фокус кон славење. Бог вети дека ќе биде близу до оние со скршено срце и ќе ги спаси оние што се разочарани (Псалм 34:18). Прославувај го Него денес за Тој да продолжи да ги одржува своите ветувања.
Селах – застани и размисли: Дали се чувствуваш дека за да бидеш “добар Христијанин” треба да бидеш среќен цело време? Кога се случило Бог да те пресретне во текот на твоето жалење или нервоза?
Молитва за прослава: Господе Исусе, те прославувам поради тоа што ти беше човек кој ги разбра тагата и ужасот додека чекореше низ оваа земја (Исаија 53:3). Ти благодарам што Ти ја забележуваш секоја моја пролеана солза и што го слушаш секој гневен збор што го изговарам. Те прославувам дека Ти ме охрабруваш да бидам сурово искрен со Тебе за тоа како се чувствувам. Ти благодарам, за тоа што го исцелуваш моето срце додека ја излевам мојата тага пред тебе во текот на славењето. Те прославувам Боже поради тоа што Ти ми даваш утеха како Татко кој се сочувствува и ме љуби. Ти благодарам што си близу додека плачам. Те прославувам како Бог на сите сочувства!
Псалм 34:18, "Блиску е Господ до оние со скршено срце, и смирените по дух ќе ги спаси."
Свето Писмо
Опис за овој план
Анксиозност, страв, осаменост и депресија се драматично чести појави во последните неколку години. На Псалмистите овие емоции не им биле непознати. Сепак, тие научиле како да ја употребат неверојатната моќ на славењето за да ги надминат. Преку овие посвети од Псалмите, дознајте ја тајната за мирот во вас.
More