Живот со интегритетПримерок
„Се работи за избор“
Интегритетот не се дефинира со изјава за искреност, туку се дефинира со одлуките што ги донесуваме. Кога станува збор за интегритетот, нашите зборови треба да бидат во склад со нашите дела. Не можеме само да кажеме дека имаме интегритет. Мораме да го избереме.
За мене, најтешкиот интегритет ми е со парите. Се плашам што може да донесе иднината и овој страв ме има натерано порано во мојот живот да направам компромис на штета на мојот интегритет. На факултет, ми рекоа дека не можам да ги вратам новите чевли бидејќи ја немав оригиналната кутија. Па... земав една друга кутија од полицата и отидов да ги вратам чевлите со неа, знаејќи дека ќе добијам повеќе пари назад отколку што платив. Дали можев да го оправдам тоа? Секако. Дали го оправдав? Да. Ова боли да се признае, но јас на крајот одбрав измама и кражба.
Интегритетот е тежок избор бидејќи бара да се откажеме од нашите себични желби. Ја пропуштаме приликата да го добиеме она што го сакаме, тогаш кога сакаме и на начин како што сакаме. Одрекувањето од нашите желби не е лесно, удобно ниту забавно. Ова е еден голем дел од она што го прави избирањето на интегритетот нешто толку тешко.
Има три нешта кои помагаат при донесување на еден избор поврзан со интегритетот. Прво, одлучи да помислиш на фактот дека што и да придобиеш во моментот, ќе трае само еден момент. Божјата вистина трае доживотно. Второ, одлучи да размислуваш за последиците. Последицата од тоа што ги вратив чевлите беше многу поголема од загубата на 25 долари. Трето, одлучи да навлезеш во Божјото Слово. Со тоа што ќе го вкорениме нашето срце длабоко во Неговата вистина ќе бидеме способни да живееме со интегритетот на она што е напишано.
Интегритетот значи да се избира она што вели Бог дека е правилно, дури и кога никој не нè гледа, па дури и кога изборот не е лесен. Бог не нè присилува да живееме со интегритет, но кога ќе го разбереме, не мора да бидеме присилени. Го избираме бидејќи значи живеење еден живот кој дава живот. Нема да зажалиш ако избереш интегритет!

Свето Писмо
Опис за овој план
Дали го кажуваш тоа што го мислиш и дали го мислиш тоа што го кажуваш? Дали твоите дела и зборови се во склад со она што го кажуваш и веруваш? Во денешното општество, тешко е да се живее еден живот со интегритет. Навлегувањето во овој план ќе ти помогне да разгледаш одблизу како да изградиш еден живот кој се темели на интегритет.
More
Благодарни сме на Markey Motsinger за реализацијата на овој план за читање. Ве молиме посетете ја страницата: markeymotsinger.com