Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Живот со интегритетПримерок

A Life Of Integrity

3 ДЕН ОД 4

„Компромитирање на нашиот интегритет“

Ако одбереме било што друго освен Божјата вистина, тоа ќе не доведе до компромитирање на нашиот интегритет. Не е важно колку мал е тој компромис, сепак ја повредува сржта на нашиот интегритет. Еве во што е проблемот - компромисот води кон оправдување, а оправдувањето води кон збунетост. Она што беше црно и бело сега се претопува во сиво и ние наоѓаме оправдување зошто Божјата вистина не треба да ни биде водач во секоја ситуација.

Нашите зборови се најлесното нешто за компромитирање. Со нашите зборови ја преувеличуваме вистината, оговараме, кажуваме бели лаги и ветуваме нереални работи. И потоа започнува оправдувањето. Белата лага не е баш лага, нели? Всушност, подобро тоа отколку некому да му ги повредиме чувствата. Каква врска има доколку никој не е повреден? Црното и белото се претвораат во сиво.

Ние исто така можеме да ги компромититраме нашите дела. Ќе земеме нешто ситно без дозвола, нема да се куцнеме за пауза или ќе присвоиме заслуга за нешто што не сме го направиле. Потоа започнуваме да се оправдуваме. Минатиот пат не добивме пофалба колку што заслужуваме така да... во ред е. Нема да приметат ако им недостига еден човек, можат да си го дозволат тоа. Црното и белото се претвораат во сиво.

Со секое оправдување, компромис и објаснување Божјата вистина се извртува и нејзината позиција во нашите животи се поместува. Бог гледа во нашето срце, не во големината на нашиот компромис. Нема сиви области за Неговата вистина која е црна и бела.

Компромисот може да изгледа лесен во моментот, но Божјата вистина е она што навистина носи живот. Кога нашите зборови и дела се во склад со она што го веруваме или велиме дека веруваме, тогаш поминуваме помалку време и енергија во недоумица со самите себе и во грижата за тоа дали ќе дознае некој друг. Компромисот и оправдувањето ја замаглуваат вистината за Божјата намера за твојот живот. Одбери ја вистината дури и кога тоа е неприкладно и тешко.
Ден 2Ден 4

Опис за овој план

A Life Of Integrity

Дали го кажуваш тоа што го мислиш и дали го мислиш тоа што го кажуваш? Дали твоите дела и зборови се во склад со она што го кажуваш и веруваш? Во денешното општество, тешко е да се живее еден живот со интегритет. Навлегувањето во овој план ќе ти помогне да разгледаш одблизу како да изградиш еден живот кој се темели на интегритет.

More

Благодарни сме на Markey Motsinger за реализацијата на овој план за читање. Ве молиме посетете ја страницата: markeymotsinger.com