Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Живот со интегритетПримерок

A Life Of Integrity

2 ДЕН ОД 4

„Патот до интегритетот“

Само Божјиот Дух може да создаде интегритет во нас, но сè што е во светот може да ни го одземе. Луѓе и ситуации намерно и ненамерно ќе ни го расипат и компромитираат нашиот интегритет. Ние не се раѓаме со срце на интегритет, па така ако го сакаме, ќе треба да се бориме за него.

Ако сакаме да се бориме за длабоко вкоренет интегритет, тоа ќе значи дека мораме интимно да ја знаеме, разбереме и сакаме Божјата вистина. Тоа е онаа вистина која развива мудрост во нашите животи и ни помага да ги распознаеме и ставиме во пракса стандардите и ограничувањата кои го формираат срцето со интегритет.

Да се бориме значи и да бидеме опкружени со луѓе кои секогаш внимаваат и нè повикуваат на одговорност. Гревот се намножува во тишината и изгледа помал кога не постои полагање на сметка. Многу е веројатно дека би продолжиле да правиме компромиси кога на никој не му е грижа што правиме или ако никој не дознае. Отчетноста е тешка работа, но е клучна состојка за преземањето на одговорност за нашите дела и зборови.

Борбата за интегритет ќе го зголеми нашиот капацитет да се соочиме и да ги промениме пречките што постојано нè тераат да правиме компромис на сметка на Божјата вистина. Тоа малку ќе ни олесни да не ветуваме премногу, да менуваме работни места или да бараме нов круг на пријатели.

Борењето не значи дека ќе станеме совршени. Сите ние ќе паднеме. Сите ние правиме грешки. Без разлика колкав интегритет имаме, никогаш нема да бидеме совршени. Ова е посебно вистинито во времиња на страв, несреќа и хаос кога искушението да се направи погрешен избор е дури и поголемо. Клучот е во превземањето на одговорност за своите дела и да се прифатат сопствените грешки. Имањето на срце исполнето со интегритет ни помага да ги препознаеме грешките и да посегнеме по Божјата милост и прошка.

Интегритетот не е нешто што или го имаш или го немаш; тоа е еден животен стил кон кој мораме свесно да се стремиме. Биди со силна намера за стремење кон Божјата вистина и мудрост. Бори се против сè што се обидува да те одвлече и да ти го украде интегритетот. Одлучи се да трчаш силно по нештата кои се важни.
Ден 1Ден 3

Опис за овој план

A Life Of Integrity

Дали го кажуваш тоа што го мислиш и дали го мислиш тоа што го кажуваш? Дали твоите дела и зборови се во склад со она што го кажуваш и веруваш? Во денешното општество, тешко е да се живее еден живот со интегритет. Навлегувањето во овој план ќе ти помогне да разгледаш одблизу како да изградиш еден живот кој се темели на интегритет.

More

Благодарни сме на Markey Motsinger за реализацијата на овој план за читање. Ве молиме посетете ја страницата: markeymotsinger.com