Момент на пресврт во зависностаПримерок
Ти ќе живееш слободно кога ќе му дозволиш на Духот да доминира со твоите мисли преку вистината на Божјиот Збор. Како што кажа Исус, “ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.” (Јован 8:32). Зборот “запознае” се однесува на многу повеќе од само когнитивна свест за некоја работа, тоа значи да бидеш длабоко уверен без двоумење, да си “сигурен дека знаеш“ што е вистина. Вистината е она што одекнува од длабочините на твојата личност. Чувството го имаш кога ја познаваш на вистината и живееш ослободено треба да изгледа на овој начин.
Типот на “знаење” за кое Исус зборува, е знаење кое ќе те ослободи кога вистински знаеш дека знаеш. Ова не е нагаѓање, надевање или некаква проба, туку си сигурен своето знаење поради тоа што си го искусил како вистинито.
Но кога се работи за Божјиот збор, не секогаш успеваме да го искусиме тој непобитен доказ кој ни е потребен пред да поверуваме дека е правилно тоа што го правиме, за да го спроведеме делото на вистината. Ова е причината зошто верата во Божјиот Збор носи со себе голема тежина и е од критична важност за процесот на надминување некаква зависност. Прво треба да поверуваш дека Божјиот Збор е вистината за потоа да го примениш Неговиот Збор во твојата ситуација за да проникне во тебе и да те ослободи. Вистината ти помага да ги надминеш тие ѕидини, но само доколку вистински поверуваш дека е вистина. Мораш да го синхронизираш твојот ум, дела, срце и волја со Неговиот Збор и Неговите правила за да може да бидеш ослободен независно од тоа во каква ситуација или размислување си навлезен.
Кој дел од Божјиот Збор го познаваш што може да ти помогне да се ослободиш од зависност?
Се надевам дека овој план ќе ти послужи како охрабрување. За да дознаеш повеќе информации за правење на пресврт во твојот живот, кликни тука.
Свето Писмо
Опис за овој план
Кога животот е неусогласен со Божјиот Збор, скоро сигурно е дека ќе има болни последици. Многумина се бореле за своето здравје, со загубени работни позиции и врски, наоѓајки се себеси оддалечени од Бог поради нивните зависности. Независно дали се работи за некоја сериозна зависност од дрога или порнографија или некои помали зависности како што се храна или забава, тие имаат лошо влијание врз нашите животи. Дозволете најдобро продаваниот автор Тони Еванс да ви го покаже патот до слободата.
More