Момент на пресврт во зависностаПримерок
Многу од Божјите деца се духовни воени заложници. Тие се заробени во циклусот на гревот од кој е тешко да се излезе. Независно дали се работи за алкохолизам, материјализам, огорченост, завист, ненаситност, самосожалување, порнографија, дрога, забава, површност, социјални медиуми, негативни мисли, бес или незадоволство—многу луѓе се опфатени со зависност од емоционалните или хемиски модели на извршување.
Библискиот термин за она што во денешницата го викаме зависност, е ѕидина. Зависноста или попрецизно—духовна ѕидина, е вкоренет модел составен од негативни мисли и дела изгравирани во нашиот ум. Веруваме и функционираме како ситуацијата да е непроменлива иако знаеме дека тоа е против Божјата волја. Гревот започнува да владее со нашите мисли, одлуки и дела.
Првиот чекор до пресврт во зависноста е желбата да се живее ослободено. Исус ги прашуваше луѓето дали сакаат да оздрават (Јован 5:6). Доколку личноста е заглавена и сака да остане заглавена, нема нешто што може некој да направи за да ги понесе на прав пат. Слободата од зависност мора да потекнува од своја, внатрешна иницијатива. Доколку си заробен од некоја зависност и примаш негативно влијание од мислите кои ти доаѓаат, најверојатно се чувствуваш како некоја змија да ти се замотала во умот.
Време е да избереш нова насока, на патот до слободата. Слободата започнува со тоа што ќе ја смениш моменталната насока и ќе се упатиш на подобро место.
Дали си спремен да се збогуваш со твојата зависност и да му дозволиш на Исус да те ослободи?
Свето Писмо
Опис за овој план
Кога животот е неусогласен со Божјиот Збор, скоро сигурно е дека ќе има болни последици. Многумина се бореле за своето здравје, со загубени работни позиции и врски, наоѓајки се себеси оддалечени од Бог поради нивните зависности. Независно дали се работи за некоја сериозна зависност од дрога или порнографија или некои помали зависности како што се храна или забава, тие имаат лошо влијание врз нашите животи. Дозволете најдобро продаваниот автор Тони Еванс да ви го покаже патот до слободата.
More