Момент на пресврт во зависностаПримерок
Една од причините зошто луѓето остануваат заглавени со зависноста е тоа што ги заосноваат нивните мисли на лаги. Една огромна лага која придонесува на зависноста е тоа дека можеш да ги поправиш телесните проблеми со решенија од телесна природа, затоа Павле во 2 Коринтијаните 10 вели дека ние не војуваме телесна војна. Не постои телесно решение кое може да ги поправи телесните проблеми, можеш да се обидеш само да управуваш со телесното, што можеби ќе функционира некое време, но никогаш нема да можеш да ги поправиш проблемите на гревот со лекови од телесна природа. Првото нешто што мораш да го сториш е да ја побараш вистината во Божјиот збор, бидејки Неговата вистина има моќ да ослободува. Неговата вистина надминува сѐ и дава живот, Неговата вистина ги разоткрива лагите кои те врзувале и предизвикале да страдаш, заглавен во својот грев и последиците од него.
Да се ослободиш од тврдината на гревот со своја сила и напор може да се спореди со тоа кога твојата баба сака да ги испере алиштата рачно. Ќе помине многу долго време за да се заврши таа работа, за на крај, алиштата да не бидат доволно чисти земајки го во предвид вложениот напор. Алиштата дури малку ќе се оштетат и баба ти ќе биде изморена, со болки во телото и изнервирана. Бог ни овозможи решение за нашите гревови преку очистување на гревовите, преку спасението од моментот кога го испратил Својот Син на земјата. Жртвата која Исус ја направи ни дава пристап до моќта на Духот кој ни овозможува да ја распознаваме и да ја примиме вистината (Јован 16:7-11). Духот ни помага да го правиме тоа што Исус ни го кажа во Јован 8, да “придржувајте се до Мојот збор“. Зборот “придржиме“ значи да издржиме—да останеме. Значи не само да ја знаеме вистината туку мора и да се придржуваме до неа.
Колку биле успешни твоите телесни напори во надминување на твојата зависност? Кој пристап е подобар за решавање на зависноста?
Свето Писмо
Опис за овој план
Кога животот е неусогласен со Божјиот Збор, скоро сигурно е дека ќе има болни последици. Многумина се бореле за своето здравје, со загубени работни позиции и врски, наоѓајки се себеси оддалечени од Бог поради нивните зависности. Независно дали се работи за некоја сериозна зависност од дрога или порнографија или некои помали зависности како што се храна или забава, тие имаат лошо влијание врз нашите животи. Дозволете најдобро продаваниот автор Тони Еванс да ви го покаже патот до слободата.
More