Сѐ што ми требаПримерок
Многу често кога мислам дека очајно ми треба нешто ново или го посакувам во мојот живот, она што вистински ми е потребно е Божјото присуство, Божјиот глас, и Божјиот збор. Во Неговото присуство стравот бега побрзо од малите гуштери кои ме одминуваат на пешачките патеки во Јужна Флорида, мирот ме покрива како топло ќебе на снежен ден, и соништата скокаат и танцуваат со воодушевување.
Соништа кои не сме ни знаеле дека постојат во нашите срца.
Во Негово присуство, ние сонуваме на нов начин. Се порамнуваме со Неговото срце бидејки тој е присутен во нашето и не трансформира од внатре. Ја наоѓаме нашата цел преку вистината на Неговиот збор. Во Негово присуство, што и да ни треба едноставно се прелива во секој аспект на нашиот живот. Преку тоа изобилие ние креираме заедно со Главниот Создател, и Главниот Создател креира преку нас.
Тој секогаш и засекогаш прави нови нешта од застарените исушени предели во твојот живот. Бог не само што ги менува твоите околности и борби, туку испишува НОВИ приказни, НОВИ спомени, и НОВИ авантури.
Божјото присуство ги прави скршените работи да бидат целосни. Не поради тоа што ние направивме нешто, туку поради тоа што Тој е целосен. Тој не е скршен; Тој е неоштетен. Тој не е одвоен или расклопен; Тој не е повреден или онеспособен. Тој не е ранет; Тој е целосен. Тој е здрав.
Ние сме исто така целосни преку Исус Христос. Ние сме обновени во негово присуство.
Нема ништо слично на доаѓање во Негово присуство, во потрага по нашата порција преку Него. Нема ништо слично на потрагата по нашиот извор.
Трагај по твојот извор со пофалби и благодарност, со прославување и со вистината на Неговиот Збор.
И немој секогаш да трагаш самостојно, дури и ако е чудно или срамно. Избори се со желбата да се повлечеш во комфортната зона на самотност на твојот кауч (или со празното друштво Нетфликс). Бог ветил дека ќе биде присутен таму каде што се собрани двајца или повеќе во Негово име. Сум видел неверојатно моќни чуда во срцата и телата на оние кои го бараат Бог во заедништво... Ми се случиле во мојот живот. Влези во заедницата и остани во заедницата. Создадени да растеме на тој начин.
Нагласи дека Бог е Бог и во добро и во лошо време, во текот на суша или плодна сезона, во зафатени и периоди на одмор. Тој сака да не слушне како ја нагласуваме оваа вистина, бидејки Неговата вистина е добра и силна. Кога зборуваме за Неговата вистина, ние наоѓаме радост и стануваме благодарни. Тој ја посакува нашата благодарност, нашите пофалби и нашето славење, поради тоа што Тој знае и не потсетува дека е седнат на тронот, и дека веќе се има соочено со она што ние се соочуваме денес.
Моето срце чука за тебе, за читателот на овие зборови. Сакам да го запознаеш повеќе од сѐ, и да видиш колку е добар. Тој никогаш нѐ не остава сами, Тој не седи на страна и гледа како се браниме сами кога бараме Негова помош.
Тој ни ветил дека кога го бараме, ќе го најдеме. Независно од тоа каде се наоѓаме, и како стигнавме таму, Бог ја има перфектната порција која не чека нас.
Завршно размислување и молитва
Боже, секоја добрина и перфектен подарок ни е даден од Тебе, и ние не можеме да замислиме што сѐ Ти имаш зачувано за нас во нашата иднина... но ние знаеме дека Ти тоа си го обезбедил, и си платил за тоа, и си направил пат за нас да можеме да стигнеме до тоа.
Боже, ние сакаме да бидеме таму каде што си Ти. Сакаме да го видиме твоето лице, да го слушаме Твојот глас, да бидеме присутни во твојата перфектна љубов. Незагадена љубов. Чиста љубов како солзите на новороденче.
Дојди и види ја личноста која го чита ова во овој момент, за да ја запознаеш комплетно. Ти ги знаеш потешкотиите, битките, падовите, и планините кои се пред нас. Ти знаеш што е потребно за победа, која веќе си ја обезбедил. Она што ни е повеќе потребно од твоите убави подароци за нас, е Твоето присуство.
Во тензија, во темнина, во борба, во дивина, ние нема да престанеме да те славиме Тебе, да те фалиме Тебе, да плачеме пред Тебе, да ти веруваме, понизно да доаѓаме пред Тебе и да се присеќаме на тоа како си не донел тука.
Ние те очекуваме Боже. Ти си нашата перфектна порција. Ти си сѐ што ни треба.
Свето Писмо
Опис за овој план
Бог не води и ни го штити грбот. Тој веќе се погрижи за нашите животни борби. Тој го има решено проблемот со нашиот превез на очите. Тој не е изненаден од нашите застранувања. Оваа 3 дневна фокусирана посвета ќе те охрабри за вистината дека Бог во твојот живот ти го дава тоа што ти треба, во точна мера.
More