Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Сѐ што ми требаПримерок

Everything I Need

1 ДЕН ОД 3

Сѐ што ми треба: мојата порција


“Зошто да се чувствувам обесхрабрен, зошто доаѓаат сенките,
Зошто да биде моето срце осамено, и да чезнее по рајот и домот;
Кога Исус е дел од мојот живот, Тој е мојот константен пријател.
Тој е фокусиран, и знам дека ме гледа.
Јас пеам од среќа, и пеам поради мојата слобода.
Тој е фокусиран, и знам дека се грижи за мене.”
-Цивила Д. Мартин, 1905


Незнам за вас, но зборовите дел од животот беа засекогаш запоседнати од различни реклами кои циркулираа низ времето. Мојата порција = храна. Мојата порција = диета. Мојата порција ми укажува на мали залчиња, на лишување. Значи забрана, да го спречам моето уживање во благословениот сад со убав сладолед, или да морам да престанам со чоколадното лава колаче предвреме, после само еден сладок залак. Порција значи да да имам помала количина од она што го посакувам. Тоа значи дека треба да го скратам она што вистински го сакам, и на крај да не бидам задоволен. 

Ако кажам “порција,” ти кажи…  Контролирај се!

Се прашувам дали Цивила Мартин го мисли на зборот порција на овој начин кога ги пишуваше зборовите од таа убава песна за Христијанскиот пар, кои иако затекнати од ограничувањата на животните загатки, живееле среќни животи преплавени со вера? (Провери ја интересната позадина на приказната од песната!) Сигурен сум дека не мислеше на забрана, како што мислиме ние за забраната за шеќер или карбохидрати во денешно време. Размислувањето за диетите и контрола на порциите, е прилично нов тренд во нашата култура на претерување и уживање.  

На крајот од дваесеттиот век, Читос и Цинабон грицките не постоеа. Храната не беше брза, и питата од јаболко бараше многу повеќе работа од отворање на готовото јаболково тесто Пилсбури, отвори го готовото тесто и исечи слатки мали парчиња кои ќе ги наредиш на тањирот. Во сликата на мојот ум, домашната пита од јаболки направена во 1905 беше како многу ценета награда поделена со фамилијата и пријателите во заедништво на масата, од она како размислуваме денес за јадење на пита од јаболки. После сѐ, можеме да оттрчаме до локалната продавничка и да избереме една за помалку од 30 минути!

Зборот порција во вистинска смисла значи мерка. Перфектна мерка, не мерка со недостаток. Мерка која е наменета специјално за нас... не за некој друг. Тоа е точната количина од она што ни е потребно. Најчеста дефиниција за порција (како именка) е “индивидуален дел или акција од нешто: нешто како акција добиена како поклон или наследство.”

Поклон, наследство - нешто кое ние неможеме да го заработиме, но е чест што ја примаме со самото посвојување во Божјата фамилија како ќерки и синови. Исус е нашата порција. Нашата добра акција. Нашето фамилијарно наследство со сите привилегии и титули кои ни следуваат како синови и ќерки.

Псалм 16:5 [AMP] вели, “Господ е дел на моето наследство и од чашата моја. Ти си оној кој го држи в раце наследството мое Меѓите ми паднаа на најубавото; Зашто наследството ми е најубаво.” Ние имаме добро наследство бидејки Бог е добар. Ние имаме точна порција, перфектна мерка која ни е зададена на нас за да не чува безбедни, да не држи исправени, што ни овозможува да поминеме преку бурите и да ги водиме битките со помош на Неговата конзистентна верност и сила. Нашата порција и мерка од Него е перфектен подарок кој очајно ни е потребен во овој живот.  


Размислување:

  • Кога размислуваш за зборот порција, дали мислиш на нешто што имаш пред себе доволно, или нешто во кое има недостаток? Дали се чувствуваш исполнето во моментов? Зошто или зошто не? (Знаеш дека не зборувам за храна сега!)
  • Дали си го пршал Бог која е твојата уникатна измерена порција во овој момент? Ако не, одвој неколку моменти за да го прашаш. Замоли го да ти ги открие нештата кои те спречуваат да дојдеш до таа порција. Биди храбар. Бог е верен!
Ден 2

Опис за овој план

Everything I Need

Бог не води и ни го штити грбот. Тој веќе се погрижи за нашите животни борби. Тој го има решено проблемот со нашиот превез на очите. Тој не е изненаден од нашите застранувања. Оваа 3 дневна фокусирана посвета ќе те охрабри за вистината дека Бог во твојот живот ти го дава тоа што ти треба, во точна мера.

More

Би сакале да се заблагодариме на Холи Магнусон што го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја: http://www.hollymagnusonco.com/