Сѐ што ми требаПримерок
Со тоа што Бог не води и ни го чува грбот, Тој веќе се погрижил за нашите борби. Тој ја надополнува нашата несвесност. Тој не е изненаден од нашите застранувања. Колку повеќе се обидуваме да се бориме самостојно, без него, сѐ повеќе ќе се мачиме и чувствуваме истоштено. Тој тргна пред нас и ни обезбеди точно толку спасение колку што ни треба. Точната порција дизајнирана за нас.
Буквално нема ништо подобро од порцијата која Тој ти ја обезбедил, бидејки порцијата која ти е доделена од Бог е само за тебе, и за никој друг. Твојата порција ќе ти овозможи целост и обилност, но тоа не значи дека истата е прикладна за твојот комшија. И обратно, не значи дека порцијата за твојот комшија е моделот кој ти е потребен на тебе. Поради Божјата перфектна и прецизно измерена порција ти стануваш комплетно свесен и целосно жив.
Бог сака да ти ја даде Неговата порција за твојот живот. Тој нема идеја да ги држи добрите подароци на страна од тебе, неговата идеја е да ги усоврши. Доколку побараш од Него леб, тој нема да ти даде камен... затоа побарај! Тој е нестрплив да види како уживаш во твојата порција, одмерена, прекрасна и уникатна, твоја.
Само немој да започнеш да молиш со претходно замислена идеја за тоа како мора порцијата да изгледа.
Бидејки се случува сериозно да се разочараме кога ќе дојдеме пред Бог со нашите идеи и цели и разбереме дека не се во иста насока со Божјата цел.
Потсети се дека денес Тој е ТВОЈАТА порција, дека Тој има претпазливо измерен подарок, макотрпно закупен за тебе. Исус Христос работеше за тебе. Тој се вложи за тебе. Тој издржа за тебе. Тој крвареше за тебе. Тој умре за тебе. Но најважно од сѐ е дека, не само што ги носеше твоите битки на неговите рамена, Тој порази сѐ и сѐ што претставува закана за да можеш да живееш целосен живот.
Бог е сѐ што ти треба. Вчера, денес и засекогаш.
И целиот овој разговор за порции ме прави гладен. Одам да си земам колаче.
Размислување:
- Што е разликата помеѓу она што го посакуваш и она што ти треба? Јас мислам дека ова е како за чоколадна торта. Ја посакувам цело време, но вистината е дека можеби воопште не ми е потребна. Дали мислиш дека твојата порцијата од Бог е основана на она што го сакаш или она што ти треба? Читај Матеј 6:26-33. Што ти зборува Бог преку овие стихови?
- Најчесто, за да ја препознаеме нашата порција од Бог, има потреба да дојдеме блиску до Него, да го читаме неговиот Збор и да го бараме Неговото присуство. Како го правиш ова денес?
Свето Писмо
Опис за овој план
Бог не води и ни го штити грбот. Тој веќе се погрижи за нашите животни борби. Тој го има решено проблемот со нашиот превез на очите. Тој не е изненаден од нашите застранувања. Оваа 3 дневна фокусирана посвета ќе те охрабри за вистината дека Бог во твојот живот ти го дава тоа што ти треба, во точна мера.
More