Пронаоѓање на твојот пат назад кон БогПримерок
Е ова е живот!
Бог има една визија за овој свет и ти си поканет да бидеш дел од неа. Тоа е како еден неодолив сон што го има Бог за цела вечност. Тоа е сон за твојот живот, за твоето соседство и за целиот свет.
Божјата визија е да живееш секоја секунда од твоето постоење со една сигурност дека Тој неуморно и страствено те сака. Неговиот сон е ти доброволно да ризикуваш и да ги сакаш другите бидејќи знаеш дека Бог ризикуваше сè за да те сака тебе.
Затоа конечното пробудување на патешествието за пронаоѓање на патот назад кај Бог е пробудувањето за живот. Кога навистина ќе се пробудиме за новиот живот што го нуди Бог дома кај Него, ги гледаме можностите за нашата иднина сосема поинаку. Ние извикуваме “Е ова е живот!” но сфаќаме дека “животот” значи нешто поинаку сега. Значи живеење еден живот кој е подобар, поголем и позначаен отколку претходно.
Твоето ново доживотно патување со Исус е патешествие кое не мора да го одиш сам. Никогаш не мора да живееш одовоено од твојот Татко пак. Ако се фатиш себеси како застрануваш во самозадоволство, барајќи замени, мислејќи дека ги имаш сите одговори кои ти се потребни... знаеш што треба да направиш.
Врати се кај животот кој е вистинско живеење! Го знаеш патот, а дома припаѓаш секогаш.
Биди подготвен во годините што доаѓаат за еден вид на живот поразличен од она што си можел да го замислиш кога направи полукружно свртување на патот и побара помош од Таткото. Пробудувањето за животот донесува со себе неочекувано влијание и можности. Како може тоа да биде? Тоа е така бидејќи Христос е жив во тебе и тоа менува отприлка сè. Сега можеш да донесеш надеж таму каде што имало разочарување. Сега можеш на затворениците да им го покажеш патот кон слободата. Сега можеш да бидеш светлина во темнината.
И тоа е живеење!
Најди го своето место во заедницата на другите благодарни синови и ќерки на Таткото. Поврзи се, научи, работи рамо до рамо со нив за да придонесеш за подобри бракови, домови, училишта, работни места и заедници.
Ајде да продолжиме да им помагаме на другите да го најдат својот пат назад кај Бог. Таму нè чека вистинската прослава.
Како што размислуваш за оваа 5 дневна побожност, со кое “пробудување” најмногу се поврза? Кој е следниот чекор на кој те повикува Бог?
Свето Писмо
Опис за овој план
Дали бараш нешто повеќе во животот? Да се бара нешто повеќе всушност е еден копнеж за враќање кај Бог - без разлика во каква состојба е твојата врска со Бог сега. Сите ние доживуваме одредени клучни моменти - или пробудувања - додека го пронаоѓаме патот назад до Бог. Патувај низ секое од овие пробудувања и намали го растојанието помеѓу местото каде што си сега и онаму каде што сакаш да бидеш. Ние сакаме да го најдеме Бог, а Тој уште повеќе сака да биде најден.
More