Пронаоѓање на твојот пат назад кон БогПримерок
Посакувам да можам да почнам одново
Следниот клучен момент во нашето оатување назад кај Бог го нарекуваме пробудување на жалоста. Си го анализираш животот едно утро и сфаќаш дека и покрај најдобрите напори, во сите нешта владее хаос. Исполнет си со разочарување и жалост. И сега откако ги согледа работите појасно, би сакал да добиеш уште една шанса. Но не си сигурен дали ќе ја добиеш.
Кога веќе помислуваме на тоа, а зошто би ја добил?
Но, остани со нас.
Во секој еден од нас постои едно убедување дека сме дојдени од добрина и љубов и дека сме создадени да добиеме уште повеќе добрина и љубов. Кога ќе удриме со главата во ѕид и кога ќе сфатиме колкав хаос сме направиле од животот и каков хаос од нас направил животот, нашата реакција е да кажеме “Посакувам да можам да почнам одново”
Убавото нешто е што можеш да почнеш одново. Твојата интуиција за твоето потекло од добрината и љубовта е апсолутно точна. Бог ти дозволува да започнеш одново.
Повеќето од нас кога сме спремни за нов почеток едноставно сакаме да се вратиме назад во животот што го имавме пред да почнат работите да одат на лошо. Но Бог има други идеи. Тој не сака да ни помогне да се вратиме на животот како што ние си го замислуваме. Тој сака да доживееме еден сосема поинаков вид на живот. Не се менува само твојата иднина кога ќе го пронајдеш патот назад до Бог, туку се менува и твоето минато и сегашност.
Дали си спремен да се откажеш од живеењето во една низа од денови со болка од минатото, без цел во сегашноста и без сигурнст за твојата иднина? Твоето патување подалеку од жалоста, а кон твојот дом кај Бог те води исто така и кон еден подлабок, вистински живот—еден вид на живот кои те поканува да започнеш одново денес, да започнеш да живееш на начин кој Бог отсекогаш посакувал да го живееш... вечно.
Како изгледа да веруваш дека Бог ти дозволува да започнеш одново денес? Како би се промениле твоите мисли за иднината?
Свето Писмо
Опис за овој план
Дали бараш нешто повеќе во животот? Да се бара нешто повеќе всушност е еден копнеж за враќање кај Бог - без разлика во каква состојба е твојата врска со Бог сега. Сите ние доживуваме одредени клучни моменти - или пробудувања - додека го пронаоѓаме патот назад до Бог. Патувај низ секое од овие пробудувања и намали го растојанието помеѓу местото каде што си сега и онаму каде што сакаш да бидеш. Ние сакаме да го најдеме Бог, а Тој уште повеќе сака да биде најден.
More