Пронаоѓање на твојот пат назад кон БогПримерок
Бог толку многу ме сака и покрај сè
Во вителот на твојот нов живот со Таткото следното пробудување може повеќе да звучи како чекор наназад отколку чекор напред. Бог ти нуди нешто што го посакуваш и што ти треба—добредојде дома. Но нешто внатре во тебе можеби сака да се спротивставува. Да се биде добредојден дома од твојот небесен Татко и да се биде прифатен во семејството—без поставување на прашања—можеби звучи крајно нерелано за некој кој забегал надалеку и за долго време.
Оваа фаза од твоето патување ја нарекуваме твоето пробудување за љубов. Во овој момент започнуваме да велиме “Не го заслужувам ова” Божјото прифаќање е премногу неверојатно. Но она што Бог го вели и прави е целосно спротивно на она што мислиме дека заслужуваме па така сме доведени до највеличенственото сознание: “Бог толку многу ме сака и покрај сè.”
Можеш да забележиш зошто велиме дека има како една духовна борба на влечење со јаже, која го придружува нашето доаѓање дома. Ние имаме еден сет на убедувања за нас, а Бог има други. Ние гледаме на нашето минато исполнето со неуспеси и срам, а Тој гледа кои сме ние со љубов и сочувство.
Токму затоа ова пробудување е еден голем пробив. Ние сфаќаме, можеби за првпат, дека никој не заслужува втора шанса, никој не заслужува прошка и сигурно не заслужуваме да бидеме сакани безусловно. Но сме! Ти си! Не заслужуваш, но сепак Бог ти го дава тоа.
Ако си како повеќето од нас, песната на срамот ти е мошне позната. Срамот потшепнува “ти не си важен” и “ти не си за сакање.” Срамот извикува “Нема повеќе шанси за тебе!” Срамот донесува осудување на самите себе, а кога за прв пат ќе се сретнеме со милоста, ќе се фатиме себеси како повторуваме “Не го заслужувам ова.”
Нека не те дефинираат твоите минати грешки и неуспеси. Тоа е гласот на срамот. Ти не си она што си го направил или она што не си го направил. Ти не си она што ти го направиле на тебе. Ти си она шт Бог вели дека си. Негово дете.
Дали ја чувстуваш во себе духовната борба како влечење на јаже од две страни? Ако да, како би ја опишал таа борба?
Свето Писмо
Опис за овој план
Дали бараш нешто повеќе во животот? Да се бара нешто повеќе всушност е еден копнеж за враќање кај Бог - без разлика во каква состојба е твојата врска со Бог сега. Сите ние доживуваме одредени клучни моменти - или пробудувања - додека го пронаоѓаме патот назад до Бог. Патувај низ секое од овие пробудувања и намали го растојанието помеѓу местото каде што си сега и онаму каде што сакаш да бидеш. Ние сакаме да го најдеме Бог, а Тој уште повеќе сака да биде најден.
More