Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Приказната за ВелигденПримерок

The Story of Easter

7 ДЕН ОД 7

НЕДЕЛА - На овој прекрасен ден, ќе поминеме малку време размислувајќи на крстот, празниот гроб и сѐ што тој ни донесе. Но исто да размислуваме за задачите што овој ден нѐ повикува да ги направиме, односно “да одиме и да правиме следбеници...“ Чистото Евангелие кое Христос го предаде на неговите Апостоли беше добрата вест на милоста која треба да се предава, не само да се прима. Исус им овозможи на своите ученици да имаат свои ученици, да носат плод. Можеме да потврдиме дека ова функционирало бидејќи луѓето кои станале ученици исто така имале свои ученици. И така се предавало две илјади години. Но веројатно во секоја генерација, секако во нашата, понекогаш Евангелието кое го шириме мутира во послаба форма. Наместо вистински да носи плод, ние одгледуваме плодови без семе. Како што минуваме време славејќи и заблагодарувајќи му се на Бога денеска за милоста која ја имаме добиено, да се молиме да бидеме повеќе предизвикани да ја пренесеме таа милост и целосно да ја живееме Големата Заповед.
Ден 6

Опис за овој план

The Story of Easter

Како ќе ја поминеш последната недела од твојот живот, ако знаеш дека ти е последна? Последната недела од животот на Исус, додека тој беше на земјата, беше исполнета со впечатливи моменти, исполнети пророштва, лични молитви, значајни дискусии, симболични дела, и настани кои го променија светот. Наменет да почне во понеделникот пред Велигден, секој ден од овој план за читање те води низ главите на четирите евангелија кои ја раскажуваат приказната за Светата седмица.

More

Сакаме да се заблагодариме на Life.Church што го овозможи овој план. За да дознаеш повеќе за Life.Church, посети ја страната: www.Life.Church