Приказната за ВелигденПримерок
ЧЕТВРТОК - Стави се себеси на местото на првите следбеници на Христос кои беа со Него кога умираше. Твоето срце ќе беше скршено. Твојот ум ќе полудуваше. Ова не е тоа што требаше да се случи на Кралот на Евреите. Тој требаше да ги исправи сите работи. Да го поправи тоа што беше скршено. Да го обнови тоа што беше изгубено. Но сега, се чини сѐ е изгубено. Сѐ е скршено. Ништо не е како што треба. Помини некое време денеска обидувајќи се да живееш во тој простор помеѓу крстот и празниот гроб. Откако надежта ќе замине. Пред милоста да дојде. Користи го тоа чувство како гориво за молитва кон некој кој го познаваш кој живее таму секој ден. Побарај Господ да ти покаже како ги досегнеш и поканиш во твоето Велигденско славење овој викенд.
Опис за овој план
Како ќе ја поминеш последната недела од твојот живот, ако знаеш дека ти е последна? Последната недела од животот на Исус, додека тој беше на земјата, беше исполнета со впечатливи моменти, исполнети пророштва, лични молитви, значајни дискусии, симболични дела, и настани кои го променија светот. Наменет да почне во понеделникот пред Велигден, секој ден од овој план за читање те води низ главите на четирите евангелија кои ја раскажуваат приказната за Светата седмица.
More
Сакаме да се заблагодариме на Life.Church што го овозможи овој план. За да дознаеш повеќе за Life.Church, посети ја страната: www.Life.Church