Приказната за ВелигденПримерок
ВТОРНИК - Во илустрацијата на лозјето, мора да сме сигурни кои сме ние всушност. Ние сме гранките. Нашата единствена работа е да се држиме за Исус, лозата. Со тоа ќе ја исполниме нашата единствена цел. Да носиме плод. Буквално, целата друга работа која што се случува во лозјето ќе биде направена од градинарот. А тоа е Господ. Не јас. Не ти. Нашата работа е да Му дозволиме да работи преку нас со тоа што ќе бидеме поврзани со лозата. Размислувај денеска на тоа кој кој си и што си повикан да направиш. Да се задржиш. Да останеш. Да се поврзеш. Да се придржиш. Тоа е сѐ, ништо друго.
Опис за овој план
Како ќе ја поминеш последната недела од твојот живот, ако знаеш дека ти е последна? Последната недела од животот на Исус, додека тој беше на земјата, беше исполнета со впечатливи моменти, исполнети пророштва, лични молитви, значајни дискусии, симболични дела, и настани кои го променија светот. Наменет да почне во понеделникот пред Велигден, секој ден од овој план за читање те води низ главите на четирите евангелија кои ја раскажуваат приказната за Светата седмица.
More
Сакаме да се заблагодариме на Life.Church што го овозможи овој план. За да дознаеш повеќе за Life.Church, посети ја страната: www.Life.Church