Обнова на твојата радостПримерок

Послушноста е тајната за радост
Читај Плачот 3:40.
Радоста е лесно да се загуби, но е исто така лесно и да се врати. Откако ќе признаеш дека си ја загубил радоста, треба да ја анализираш причината за тоа. Треба да погледнеш на својот живот и да се запрашаш, “Како ја изгубив мојата радост? Што ја одзема мојата радост?”
Библијата многу често ни вели во Писмото да ги испитуваме нашите животи. Плачот 3:40 вели, “Да ги испитаме и да ги истражиме патиштата свои и да се вратиме кај Господ.” (МК2006).
Има стотици убијци на радоста во животот, но двете најчести што сум ги забележал се неизбалансиран распоред и неупотребен талент. Ти мора да имаш воспоставен баланс помеѓу одмор и работа, внес и изнес. Мораш да ги искористиш твоите уникатни таленти дадени од Бог или ќе бидеш исфрустриран. Одвој ги неискористените проценти од твоите таленти и искористи ги за служење во црквата. Доколку одиш на работа каде што се користат само 25 проценти од твојот талент, напушти.
Откако ќе откриеш како си ја загубил твојата радост, треба да ги поправиш грешките.
Дали знаеш што ќе ја одземе твојата радост најбрзо од сѐ? Кога знаеш што треба да правиш, но сепак не го правиш.
Библијата во Јаков 4:17 вели, “грев е да знаеш што треба да правиш и да не го направиш.”
Дозволи ми да те прашам: Што е тоа што знаеш дека треба да го направиш, но не го правиш? Што ти кажа Бог да правиш, но сеуште не си започнал?
Тајната до постојана, изобилна и преполна радост е послушноста. Тоа е да го правиш тоа што Бог ти го заповеда. Секој пат кога го правиш тоа што Бог ти заповеда, твојот живот ќе биде исполнет со радост.
Исто така ќе бидеш исполнет со радост кога мислиш на тоа што е добро во твојот живот. Давид вели во Псалм 126:3, “Господ дела изврши за нас, за да се развеселиме” (МК2006). Колку повеќе се фокусираш на тоа што Бог го направил за тебе, толку повеќе радост ќе имаш во животот. Зошто? Поради тоа што од тоа произлегува благодарност, а ставот кој произлегува од благодарноста е најздравата човечка емоција.
Доколку сакаш да си ја вратиш радоста, прво признај дека ја немаш, потоа анализирај ја причината и на крај корегирај го тоа што е погрешно и биди благодарен. Утре ќе збориме за последните три чекори до опоравување на твојата радост.

Свето Писмо
Опис за овој план

Доколку сакаш да имаш радост во твојот живот, мораш да си направиш избалансиран распоред. Пасторот Рик Ворен ќе сподели на кој начин можеш да го прилагодиш твојот внес и изнес, за твојата дарежливост и примање да ти служи за обнова на радоста, наместо да ти одмага.
More
Оваа побожност е заштитена © 2014 од страна на Рик Ворен. Сите права се задржани. Употребено со дозвола.
Слични Планови

доверба - да веруваш на тоа што бог го кажува во неговото слово и да живееш во согласност со тоа божјо слово

Живеј живот со цел!

Библија за деца

Ти имаш молитва!

божиќ о, дојдете да го прославиме!

Што е вистинска љубов?

Пет молитви на понизност

Отстапи го на Бога првото место

Твојата најдобра инвестиција!