Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Обнова на твојата радостПримерок

Recovering Your Joy

3 ДЕН ОД 5

Пронаоѓање на твојата загубена радост

Читај Римјаните 14:17.

Што е за тебе најлесно да се загуби? Твоите наочари? Твоите клучеви? Твојот ум?

Најлесно од сѐ што можеш да загубиш е твојата радост. Може да ја снема после само еден телефонски повик или е-маил, писмо или разговор. Можеш да гледаш реклама на телевизија и да ја изгубиш радоста. Тоа е најлесната работа на светот што можеш да ја загубиш и многу луѓе во твоето опкружување коваат заговори да ти ја одземат.

Кога Божјите деца не се исполнети со радост, прави Бог да изгледа лошо. Жални Христијани се лоши сведоци. Изгледаат како да се крштевани во оцет поради тоа што никогаш не се смеат вистински и тоа прави Бог да изгледа лошо.

Зошто? Поради тоа што Бог сака ние да бидеме сведоци со нашето лице.

Библијата ни вели дека Христијанскиот живот може да се сумира во три збора: добрина, мир и радост. Римјаните 14:17 вели, “Царството Божјо не е во јадењето или пиењето, туку во праведност и мир и радост во Светиот Дух” (МК2006).

Реалноста е дека можеш многу брзо да ја изгубиш радоста на илијадници начини. Има премногу убијци на радост во животот што се обидуваат да ти ја одземат до тој степен како што Еремија, Божјиот пророк, може да каже во Плачот 5:15, “Се сврши радоста на срцето наше, нашите ора се претворија во тага.” (МК2006).

Не знам дали ти се наоѓаш во ваква состојба денес, но доколку поминуваш низ ваков период каде што се чувствуваш дека си ја загубил искрата и си пооддалечен од Бог во споредба со претходно, додека преминуваш низ брановите на животот треба да знаеш дека е прилично лесно да си ја вратиш радоста исто така.

Како да си ја вратиш назад радоста?

Првиот чекор е да си признаеш дека ја немаш.

Едноставно гледаш на минатото и си поставуваш неколку прашања: Дали некогаш имало времиња во твојот живот кога си бил поблизу до Бог од сега? Дали имало време во животот кога си бил порадосен со Господ, од тоа што си моментално?

Сега е време да направиш промени, но мораш да започнеш со признавање дека си го загубил она што си го имал во минатото. Можеш да го замолиш Бог да ти помогне, Тој те очекува и сака да ти помогне. Давид се молеше за ова во Псалм 51:12: “Врати ми ја радоста на спасението од Тебе и благороден дух зацврсти во мене.” (МК2006).
Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Recovering Your Joy

Доколку сакаш да имаш радост во твојот живот, мораш да си направиш избалансиран распоред. Пасторот Рик Ворен ќе сподели на кој начин можеш да го прилагодиш твојот внес и изнес, за твојата дарежливост и примање да ти служи за обнова на радоста, наместо да ти одмага.

More

Оваа побожност е заштитена © 2014 од страна на Рик Ворен. Сите права се задржани. Употребено со дозвола.