Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Обнова на твојата радостПримерок

Recovering Your Joy

2 ДЕН ОД 5

Радост без оглед на сѐ

Читај Филипјаните 4:6.

Ти имаш основна потреба од радост во твојот живот. Животот без радост е тежок, пренатрупан и угнетувачки. Истражувањата укажуваат на тоа дека колку повеќе сме радосни во животот, толку повеќе сме продуктивни. Прочитав во списанието "US News and World Report" дека корпорациите вработуваат консултанти за радост за да ги израдуваат животите на луѓето со цел да постигнат повисока продуктивност. Вистина е дека имаш повеќе енергија, по креативен и попродуктивен си, кога си радосен.

Во кратката книга на Филипјаните — долга е само четири глави — Павле го употребува зборот “радост“ 16 пати. Најдобрата работа е што, Павле не ја напиша оваа книга додека беше на Карипските острови, туку беше во затвор во Рим, чекајки да биде убиен. Тој ја напишал најрадосната книга во Библијата во неговите најлоши денови од животот.

Во Филипјаните, Павле ни укажува на шест помагала за радост кои ќе ни помогнат да го оттргнеме обесхрабрувањето и да се подигнеме од депресивната состојба. За да ги направам едноставни за паметење ги претворив во акронимот — РАДОСЕН. Денес, ќе се фокусираме на првите три букви.

Р: Расфрли ги сите жалења за минатото.
Кога пишувам “Расфрли” мислам на тоа “да ги напуштиме бидејки се беззначајни, да ги отфрлиме, да ги елиминираме или да се ослободиме од нив” Павле вели дека доколку сакаш да уживаш во животот, има некои работи кои ти тежат и те влечат наназад од кои треба да се ослободиш. Библијата вели да заборавиш на твоите жалења, бидејки тоа Бог го решава — тој избира да ти ги прости грешките откако ќе ги исповедаш. Почетната точка на радоста е да заборавиш на минатото. Филипјаните 3:13 вели, “Едно нешто што го правам е: заборавам на она што поминало и правам најдобро што можам за во иднина” (GN).

А: Анулирај ги сите грижи поврзани со иднината.
Доколку сакаш да уживаш во сегашноста, мораш да ги анулираш сите грижи за твојата иднина. Да се грижиш без да превземеш нешто е најголемиот убиец на радост од сите. Не можеш да бидеш радосен и да се грижиш во исто време. Противотровот на Павле се овие три стихови: “Не се грижи за ништо, наместо тоа, моли се за сѐ. Кажи му на Бог што ти е потребно и заблагодари му се за сѐ што направил за тебе” (Филипјаните 4:6). Можеш да бидеш загрижен или да се молиш.

Д: Давај за Божјата цел.
Доколку се излизгуваш, доколку не знаеш од каде доаѓаш или каде одиш или зошто си тука, сигурно нема да бидеш радосен во животот. На секој од нас ни е потребна поголема цел од нас самите за која ќе живееме. Тоа е она што ни носи радост. Да живееш за самиот себе нема да ти донесе радост.

Павле дури и кога загуби сѐ, имаше едно нешто кое што не можеа да му го одземат — неговата животна цел. Павле вели во Филипјаните 1:21, “За мене, да се живее е Христово и да се умре е придобивка” (МК2006).

Доколку сакаш да имаш живот исполнет со радост, ти треба да ја прифатиш Божјата цел за твојот живот како своја и да ја следиш. Кога ќе започнеш да ја живееш целта за која си создаден, животот има смисла, и многу лесно можеш да дојдеш до радоста.
Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Recovering Your Joy

Доколку сакаш да имаш радост во твојот живот, мораш да си направиш избалансиран распоред. Пасторот Рик Ворен ќе сподели на кој начин можеш да го прилагодиш твојот внес и изнес, за твојата дарежливост и примање да ти служи за обнова на радоста, наместо да ти одмага.

More

Оваа побожност е заштитена © 2014 од страна на Рик Ворен. Сите права се задржани. Употребено со дозвола.