Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ослободи се од стравотПримерок

Get Rid Of Fear

3 ДЕН ОД 3

Дали некогаш си се возел во авион што поминувал низ сериозни турбуленции? Можеби ти изгледаше дека авионот е надвор од контрола за момент и можеби тоа те направи малку нервозен. Доколку ти беше врзан појасот на седиштето, најверојатно го зацврсти уште малку. Ако ги држеше рачките на седиштето, веројатно, ги стисна со рацете малку посилно. Можеби беше малку вознемирен бидејќи во моментот беше оневозможен во воздухот. Можеби почна да ја читаш истата реченица во твојата книга повеќе пати бидејќи беше дестабилизиран од турбуленцијата.

Но тогаш, најверојатно, капетанот даде известување: „Налетавме во малку турбуленција, па ќе ја промениме висината за да најдеме соодветен воздушен простор.” Во тој момент, твојот проблем не исчезна. Турбуленцијата беше уште тука. Најверојатно, дишеш длабоко, си опуштен, и се враќаш на читањето. Генерално се чувствуваш многу поопуштено бидејќи престана да се фокусираш на турбуленцијата и наместо тоа си фокусиран на изјавата на пилотот.

Кога се дефокусираш од она што те плаши и се насочуваш кон Бог — оној што е безбеден пилот на нашите животи — ќе почувствуваш како твоите стравови се смируваат.

Милостив Господе, кога ми е страв, сакам да ти верувам. Те молам, дај ми сѐ што ми треба — мислите, вистината и охрабрувањето — да го направам тоа? Ти не си Бог на збунетоста, туку Бог на мирот. Кога не чувствувам мир, јас сум оддалечен од Твоето присуство. Дај ми сила да се придржувам до Тебе, Твоите зборови да се задржат во мене и да можам да го искусам Твојот мир во целост. Во Христово име. Амин.

Дали уживаше во овие дневни читања и молитва? Сакаме да те охрабриме со подарок од три mp3 проповеди за преземање од Тони Еванс на овој линк, кој оди подлабоко во она што го дискутиравме денес. Само посети го линков.  


Ден 2

Опис за овој план

Get Rid Of Fear

Можеш да го надминеш чувството на страв. Д-р Тони Еванс во овој впечатлив план те води на патот до слободата. Како што ги применуваш принципите од овој план, ќе откриваш живот каков што од секогаш си посакувал, животот исполнет со среќа и мир. 

More

Благодарни сме им на Harvest House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: http://go.tonyevans.org/addiction