Ослободи се од стравотПримерок
Дали си спремен да научиш како да ја демолираш тврдината на стравот што твојот непријател ја изградил во твоето срце и ум? Исус ти го дава одговорот. Ја демолираш со промена на твоите приоритети. Ова е она за што Тој зборува во Матеј 6:33 кога кажува,, „Барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сѐ тоа ќе ви се додаде.”
Со други зборови, доколку го користиш твоето време и енергија да се доведеш во ред со она што Бог го прави за напредок на Неговото кралство на земјата, Тој ветува дека ќе го чува твојот грб во однос на нештата што може да ти предизвикаат страв или грижи. Исус го потенцираше ова кога кажа, „Не грижете се за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. Доста му е на секој ден неговото зло.” (34 стих).
Бог ти дава милост секојдневно. Тој нема да ти ја даде утрешната милост денес, а не треба ни ти. Зошто? Бидејќи Неговиот Збор ни кажува, „Неговите милости никогаш не престануваат. Тие се нови секое утро; Твојата верност е голема.” (П. Еремиин 3:22–23). Па, ако си преплашен или загрижен за тоа што ќе се случи утре, ти во основа му кажуваш на Бог дека не му веруваш. Му кажуваш дека Тој не е достоен за доверба и ги испраќаш своите мисли во кругот на болка и страв, кои ќе го продолжат твојот заразен однос наместо да ти помогнат да го надминеш. Да бидеш исплашен за утре значи да го загубиш твојот мир и победа денес. Ослободи се.
Милостив Господе, помогни ми да внимавам кога стравот ќе навлезе во моите мисли. Помогни ми да ги фатам овие мисли пред да се размножат и пораснат. Дај ми мудрост да распознаам што е рационално и што не е, и во сите нешта дај ми ја способноста да ти верувам дека Ти го чуваш мојот грб. Сакам да ти ги дадам моите стравови Тебе, па те молам дај ми ја милоста да можам да го направам тоа денес и секој ден. Во Христово име. Амин.
Дали уживаше во овие дневни читања и молитва? Сакаме да те охрабриме со подарок од три mp3 проповеди за преземање од Тони Еванс на овој линк, кој оди подлабоко во она што го дискутиравме денес. Just visit the link here.
Свето Писмо
Опис за овој план
Можеш да го надминеш чувството на страв. Д-р Тони Еванс во овој впечатлив план те води на патот до слободата. Како што ги применуваш принципите од овој план, ќе откриваш живот каков што од секогаш си посакувал, животот исполнет со среќа и мир.
More