Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ослободи се од стравотПримерок

Get Rid Of Fear

2 ДЕН ОД 3

Што да се прави кога стравот почнува да ги троши твоите мисли и не попушта? 

Писмото вели дека најдобриот противотров за стравот и анксиозноста е молитвата. За да видиш што е вклучено во молитвата и која молитва да ја искористиш за твоите стравови, погледни во Филипјаните 4:6–7. Стих 6 вели, „Не грижете се за ништо, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност искажувајте ги своите потреби пред Бога.”

Кога ќе те обземе страв, спротивстави му се на тој страв со Божјата вистина. Бог вели дека треба да го смениш твојот фокус бидејќи кој или што и да го контролира твојот ум, те контролира тебе. Бог не сака ти да бидеш фокусиран на твоите страшни мисли и да бидеш контролиран од нив. Наместо тоа, Бог сака да се фокусираш на Него и да дозволиш Неговиот збор и Дух да те контролираат тебе. Затоа молитвата е многу важна. Формулата е едноставна. Не плаши се од ништо, но моли се за сѐ.

Во Филипјаните 4:6 се употребува генерален збор за молитва како и поспецифичен збор „молба,” што е поврзано со барање на одговор за специфична потреба. Во основа, тоа значи дека треба да се молиш за сѐ, било да е твоето барање генерално или специфично. Доколку имаш некој страв, но не знаеш како да го дефинираш, однеси го пред Господ во молитва — Тој знае што е тоа. Или, доколку имаш специфичен страв, кој можеш јасно да го увидиш, однеси го и него пред Него. Побарај од Него да ти помогне да ги избрише твоите стравови и да ги замени со Неговата вистина, а потоа заблагодари му во вера затоа што го направи тоа за тебе.

Милостив Господе, нели две врапчиња се продаваат за еден цент? Ти сепак знаеш сѐ што им се случува ним. Ти го знаеш бројот на влакната на мојата глава. Помогни ми да се охрабрам преку моето знаење за тоа колку Ти ме познаваш и ме сакаш. Потсети ме денес дека јас не треба да се плашам бидејќи Ти имаш контрола над сите нешта и Ти ми вети дека нема никогаш да ме оставиш или заборавиш. Ти благодарам за Твоите ветувања, кои ми носат мир. Во Христово име. Амин.


Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Get Rid Of Fear

Можеш да го надминеш чувството на страв. Д-р Тони Еванс во овој впечатлив план те води на патот до слободата. Како што ги применуваш принципите од овој план, ќе откриваш живот каков што од секогаш си посакувал, животот исполнет со среќа и мир. 

More

Благодарни сме им на Harvest House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: http://go.tonyevans.org/addiction