Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Божји принципи за управување со времеПримерок

Time Management Principles From God’s Word

4 ДЕН ОД 6

Одреди што е неопходно

Марта има лоша репутација за ова нешто како што може да видиме во Лука 10 глава, но факт е дека сите ние понекогаш сме како Марта и се бориме со тоа да одредиме кои задачи се најважни во дадено време. Јасно е дека некој треба да направи вечера и се кладам дека Исус многу ја ценел гостопримливоста на Марта. Не станува збор за тоа дека готвењето вечера не е нешто важно, но Исус ни даде до знаење дека не е најнеопходното нешто кое Марта и нејзината сестра Марија можеле да го прават во тој момент. Тоа што беше најважно во тој момент е да бидат поучувани од Исус.

Како што можевме да видиме што зборувавме вчера за одржување на зборот, извршувањето на задачите и проектите е неопходен чекор за ефективно управување со времето, но откако сите задачи се завршени, време е да одлучиме кои следни проекти и задачи на твојот список се најважни. Овој процес бара разјаснување за кој е Божјиот повик за твојот живот и работа. Со големата слика на ум и цели кои сакаш да ги постигнеш, запрашај се "што е тоа што доколку го направиш во проектот ќе ги олесни или подобри сите останати нешта?" Одговорот на ова прашање е најважното нешто на кое треба да се фокусираш и сѐ друго нека почека додека оваа задача се заврши, па потоа повтори го истиот процес одново.

Кога ја пишував мојата последна книга, Повикан да создава, бев преоптоварен со бројот на задачи кои требаше да ги завршам за да го изнесам продуктот за продажба. Требаше да најдам агент, издавач, да интервјуирам луѓе, да напишам 50,000 зборови, да изградам платформа на која ќе ја презентирам книгата и така натаму, но на почетокот на проектот знаев само дека ништо друго не е поважно од тоа да најдам агент со кој ќе соработувам, затоа застанав со сѐ друго, додека да најдам таков професионалец.

Вистината е дека во било кој момент многу малку задачи или проекти се вистински неопходни. Важно е да створиме навика да ги идентификуваме тие две или три нешта на кои треба да се фокусираме и да не застанеме додека не ја завршиме задачата.

Свето Писмо

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Time Management Principles From God’s Word

Дали те фрустрира фактот што има едвај 24 часа во еден ден? Дали те совладува бројот на проекти на твојот To Do список? Те уморува фактот што си постојано уморен/уморна и немаш доволно време да посветиш на Божјиот збор и на твојата фамилија и блиски пријатели? Ова се едно од најчестите предизвици на денешнината. Добрата вест е што Библијата нуди јасни принципи за добро менаџирање на нашето време. Овој План ќе ти ги образложи тие стихови и ќе ти даде супер практични совети како максимално да го искористиш времето што ти преостанува во овој живот!

More

Би сакале да се заблагодариме на Џордан Рејнор што ни го овозможи овој план за читање. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.jordanraynor.com/time/