Божји принципи за управување со времеПримерок
Остани си на зборот
Исус ни заповеда нашето "да" да значи навистина "да", за жал сѐ почесто христијанското "да" значи "не". Секогаш кога не успеваме да си останеме на зборот, касниме или не го завршуваме проектот на време, не го одржуваме своето ветување дека ќе се јавиме подоцна "најбрзо што може", всушност сме непослушни на Исусовата заповед. Во нашиот брз живот, кажуваме "да" повеќе од било кога додека сѐ почесто потфрламе да си го одржиме нашиот збор. Фактот дека овој грев изгледа неопасно всушност ја намалува нашата внимателност и во црквата. Ние го претставуваме ликот на Бог, на Исус Христос во овој изгубен свет и за најдобро да го одразуваме ликот на нашиот Спасител, мора да стоиме на зборот.
Но како би изгледала практичната изведба на ова? Сѐ започнува со воспоставување на систем што ни овозможува ефективно да ги извршиме сите нешта за кои сме дале збор дека ќе ги завршиме. За ова нешто, би можело да ни послужи еден едноставен лист хартија или некоја комплексна дигитална алатка за организација на задачи како што е омнифокус. Алатката и не е толку важна колку што е самиот процес што значи дека доколку сакаме да ја одржиме Исусовата заповед нашето "да" навистина да биде "да", ние мораме да најдеме начин да го запишуваме сето она на кое сме кажале "да". Звучи здраворазумно нели? Ова е разумно, но за жал многу малку луѓе го практикуваат ова правилно. Добрата вест е дека ова е супер едноставен проблем за решавање.
Во текот на овој ден, одвои 30минути да ги организираш сите ветувања кои си ги направил према себеси, твоите пријатели, сопруга, децата, соработниците и така натаму. Откако ќе завршиш со списокот побарај некои закажувања кои можеш да ги предоговориш или да ги завршиш набрзина, пример, твоето ветување од минатата недела дека ќе и се јавиш на баба ти, а сеуште не си и се јавил, одвои 5минути да ја слушнеш и да си го оствариш зборот. Дозволи му на твоето "да" да значи "да" дури иако си го одложил за некое време и ти ветувам дека откако ова ќе ти стане навика, веднаш ќе почувствуваш ослободување и мир.
Книгата на Давид Ален, Извршување на нештата, е најдобриот ресурс кој сум го пронашол, кој би ти помогнал во водење евиденција на нештата за кои треба да ги завршиш. Кликни тука за да го превземеш краткиот преглед на книгата и некои совети за како да се осигураш дека твоето "да" секогаш ќе значи "да".
Свето Писмо
Опис за овој план
Дали те фрустрира фактот што има едвај 24 часа во еден ден? Дали те совладува бројот на проекти на твојот To Do список? Те уморува фактот што си постојано уморен/уморна и немаш доволно време да посветиш на Божјиот збор и на твојата фамилија и блиски пријатели? Ова се едно од најчестите предизвици на денешнината. Добрата вест е што Библијата нуди јасни принципи за добро менаџирање на нашето време. Овој План ќе ти ги образложи тие стихови и ќе ти даде супер практични совети како максимално да го искористиш времето што ти преостанува во овој живот!
More