Божји принципи за управување со времеПримерок
Нашиот проблем со управување со времето
Многу пати доаѓаат кај мене за да ме прашаат за совет, не поради тоа што јас сум “среден“ на оваа тема туку бидејки сум посветил доволно време во барање и тренинг на балансот и продуктивноста преку разни активности во мојот живот. Додатно на служењето како директор во технолошки стартап поддржан од големи инвестициски куќи, јас сум автор кој се обидува најдобро што може да ѝм помогне на другарите христијани да го поврзат евангелието со работата. Дома сум сопруг и татко на две прекрасни девојчиња под три години и ако кажам дека животот ми е малку луд во моментов, минимизирам, но сепак по Божја милост успевам да “управувам“ со сето ова и некако да отспијам 7-8часа секојдневно.
Управувањето со моето време ми беше опсесија долго време. Се прашувате зошто? Поради тоа што Библијата нѐ потсетува многу пати дека нашите животи се “како пареа која се појавува на кратко и потоа исчезнува“ (Јаков 4:14). Бог нѐ поставил мене и тебе на оваа земја со причина: да го љубиме, да ги љубиме другите и да правиме следбеници на Исус Христос. Ние сме луѓе со цел. Ние не сме создадени да си седиме статични и да ја чекаме вечноста, ние сме повикани активно да се вклучиме во светот и да создадеме продуктивна култура која ќе им биде од корист на луѓето околу нас и ќе ги опслужува нивните потреби преку нашите дела. Во кратки црти, Бог нѐ повикува да му се придружиме во Неговата мисија да го спаси светот.
Со оглед на големината на таа мисија и минувањето на времето, ние би требало да бидеме луѓето кои претставуваат репер за луѓе со цел на планетава, кои живеат со здраво чувство на итност и секогаш се обидуваат најдобро што можат да го искористат времето кое ѝм е дадено. Ова е причината зошто ја читаш оваа посвета! Во следните неколку дена ќе навлеземе заедно во Божјиот Збор за да ги откриеме принципите од Светото Писмо кои се однесуваат на управување со времето, но морам да ве предупредам дека овој процес не е лесен. Кога би бил лесен, никој од нас не би имал потешкотии на оваа тема. Секако на крај сѐ се сведува на тоа дека успешното управување со времето се постигнува со упорност и дисциплина (Изреки 21:5). Ќе видиме дека да се биде дисциплиниран со нашето време ни дава простор многу да придонесеме во овој свет во името на нашиот Господ и Спасител. Дали сте спремни да извлечете најмногу од ограниченото време кое ви е дадено од Господ? Ајде да почнеме!
Опис за овој план
Дали те фрустрира фактот што има едвај 24 часа во еден ден? Дали те совладува бројот на проекти на твојот To Do список? Те уморува фактот што си постојано уморен/уморна и немаш доволно време да посветиш на Божјиот збор и на твојата фамилија и блиски пријатели? Ова се едно од најчестите предизвици на денешнината. Добрата вест е што Библијата нуди јасни принципи за добро менаџирање на нашето време. Овој План ќе ти ги образложи тие стихови и ќе ти даде супер практични совети како максимално да го искористиш времето што ти преостанува во овој живот!
More