Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Радост - Силата во ГосподПримерок

Oswald Chambers: Joy - Strength In The Lord

17 ДЕН ОД 30

Нашиот Господ зборува за радоста при пронаоѓање на изгубените нешта. За мене секогаш постои оваа молба: Господ Исус сака да гледа преку моите очи. Господ сака да размислува преку мојот мозок. Господ сака да работи преку моите раце. Господ сака да живее и да оди во моето тело со една единствена цел - да ги најде изгубените. Дали му дозволувам да оди и да живее во мене?

Духовната реалност може секогаш да се фалсификува. „Одмарај се во Господа“ може да се претвори во едно лицемерно „излежување“ во чувствата. Што ќе придонесе сето наше зборување за посветувањето? Треба да придонесе кон тоа одморот во Бога, кој означува единство со Него на начин на кој Исус имаше единство со Него - не само да бидеме невини во Божјите очи, туку да му донесеме голема радост.

Прашања за размислување: Дали уживам во пронаоѓање на изгубените? Дали сум загреан учесник во Божјиот план да ги најде и спаси загубените? Можно ли е да сум виновен за фалсификување на духовноста? Дали промовирам некој друг вид на одмор освен единството со Исус и невиноста пред Бога?

Цитатите се превземени од: Workmen of God and The Place of Help, © Discovery House Publishers

Свето Писмо

Ден 16Ден 18

Опис за овој план

Oswald Chambers: Joy - Strength In The Lord

Откриј ја мудроста на Освалд Чемберс, авторот на My Utmost for His Highest, преку ова богатство на размислувања за радоста. Секое дневно читање нуди цитати од Чемберс заедно со прашања за лично размислување. Како што ќе те инспирира и предизвикува со неговата едноставна и директна библиска мудорст, ќе се пронајдеш себеси како сакаш да поминуваш повеќе време во комуникација со Бог.

More

We would like to thank Discovery House Publishers for providing this plan. For more information, please visit: www.utmost.org